PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 721 |
Посети (овој месец): | 28117 |
Посети (оваа година): | 468496 |
Посети (вкупно): | 1462038 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
АНАЛИЗА НА МОРБИДИТЕТОТ ПОВРЗАН СО АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ВО СКОПЈЕ 2013 г.
Во ЈЗУ ЦЈЗ Скопје се изработува здравствена евиденција за влијанието на загадениот воздух врз здравјето на населението по методологија препорачана од Институтот за јавно здравје на РМ. Се следи сезонскиот морбидитет од неспецифични респираторни болести кај предучилишни (0-6 години) и училишни деца (7-14 години), посебно за град и село, по шифрите Ј00 - Ј99 (неспецифични респираторни болести) со исклучок на Ј10 - Ј18 (инфлуенца и пневмонија), согласно Меѓународната класификација на болестите (МКБ - 10).
Во однос на концентрациите на СО2 и чад, може да се забележи сезонска варијација на концентрациите во летната (намалени) и зимската - грејна сезона (покачени). Намалувањето на загадувањето на воздухот со СО2 се должи на намалената количина на сулфур во горивата (сообраќајот и топлификацијата, приклучување на топланите на природен гас и подобрување на возниот парк). Во однос на концентрациите на аероседиментот, може да се забележи разлика во однос на месеците, што е резултат на просторната и временската дистрибуција на аероседиментот.
ГРАФИЧКИ ПРИКАЗ НА НЕСПЕЦИФИЧНИ РЕСПИРАТОРНИ ЗАБОЛУВАЊА
КАЈ ПРЕДУЧИЛИШНИ И УЧИЛИШНИ ДЕЦА
Од евалуацијата на податоците може да се констатира дека помалку заболуваат децата од село во однос на град, како и циклична сезонска варијација на морбидитетот.
|