PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 1648 |
Посети (овој месец): | 29044 |
Посети (оваа година): | 469423 |
Посети (вкупно): | 1462965 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Помалку сол а Повеќе Здравје
29-ти август се прославува како "Ден на билки, помалку сол" со цел да се привлече внимание на растечкиот проблем на премногу натриум во исхраната и вклучување во иницијативата за намалување на содржината на сол во храната.
Прекумерната употреба на сол предизвикува висок крвен притисок, срцеви заболувања, мозочен удар и други незаразни болести кои се денес водечките причини за смрт во светот. Прекумерното внесување сол е поврзанo со карцином на желудник, болести на бубрезите, камен во бубрегот, остеопороза и едем.
Намалувањето на внесот на сол во исхраната е еден од најлеснo изводливите јавно здравствени мерки.
Во нејзината примена најважнa e меѓусекторска соработка, особено со прехрамбената индустрија, со цел намалување на содржината на сол во процесот на производството, воведување на законодавство со задолжително означување на содржината на натриум на етикетата и здравствено-воспитните мерки за промовирање на правилна исхрана.
Речиси 80% од секојдневното консумирање на сол се однесува на т.н. "скриенa" сол.
Повеќето од солта која влегува во телото е скриена во готовата или полуготовата храна. Пред да ја купите храната бидете сигурни дека внимателно сте ја прочитале етикетата на она што е содржина на натриум.
Избегнувајте храна со релативно висока содржина на сол (особено во лето):
- Сувомесни производи, феферони, колбаси, виршли, паштети и други слични производи;
- "Брза" храна како пица, хамбургер или пржени компири;
- Обработена замрзната храна;
- Готови сосови, сенф, мајонез, супи од кесичка;
- Закуски како што се чипс, стапчиња, кикирики, ф'стаци, пуканки;
- Биено сирење, крем сирење, лиснато тесто;
- Печива, како што се леб, бисквити и овесни или пченкарни снегулки;
- Минерална вода која содржи натриум.
За внес на пониски нивоа на сол помага храна со релативно многу калиум, на пример; домати, грав, грашок, магдонос, зелка, спанаќ, ореви, банани, папаја и сок од портокал.
Според Светската здравствена организација: дневна доза на сол за здрав возрасен човек е помалку од 5 грама сол, или помалку од 2 грама на натриум и најмалку 3,51 грама калиум со цел да се намали ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар.
Една лажичка сол = околу 6 грама сол = максималната дневна доза.
Постигнување на целта за намалување на внесот на сол, како една од клучните мерки за борба против хроничните незаразни болести, е преку ефектите на постепено годишно намалување од 4%. На овој начин, постепено се менуваат навиките на исхрана и речиси незабележливо се прифаќа храна со помалку сол.
Користете билки - откријте нови и интересни вкусови!
Билки, како што се босилек, оригано, мајчина душица, нане, ловоров лист, се цела низа на егзотични зачини за подобрување и збогатување на вкусот на храната. Во нашите домови, со малку напор, може да растат билки кои ќе ги користиме свежи во секојдневната подготвака на јадење за семејството. Направете своја билна мешавина со комбинирање на одредени растенија и користете ја како замена за сол (црвена пиперка, лук во прав, црн бибер, итн ..).
Најдобар избор за подобар квалитет е морската сол, бидејќи таа содржи калиум, магнезиум, калциум, јод и други природни и вредни микронутриенси.
|