PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 260 |
Посети (овој месец): | 14710 |
Посети (оваа година): | 124733 |
Посети (вкупно): | 1118275 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
е-Цигари |
Електронските цигари, познати и како e-цигари, се наменети како замена за цигарите.
Се верува дека е-цигарите им помагаат на пушачите да престанат да пушат. Е-цигарите работат на батерија при што го претвораат никотинот во пареа која се вдишува. Повеќето e-цигари изгледаат како обични цигари, пури или како луле. Други се дизајнирани така да изгледаат како пенкала или компјутерски мемори-стик. Нивната употреба се зголемува бидејќи сé повеќе нови производи од овој вид се јавуваат на пазарот. Американската Food and Drug Administration, која ги уредува никотинските производи, најавува дека ќе ги прошири своите прописи за да ги вклучи е-цигарите.
Потенцијални придобивки од е-Цигарите
Тутунот е тој што ги прави обичните цигари толку штетни за здравјето. Е-Цигарите не содржат тутун.
- Тутунските производи создаваат зависност поради никотинот што го содржат. Никотинот не е здрав. Меѓутоа, тој веројатно не придонесува ни приближно толку за појава на болести поврзани со пушењето, колку што тоа го прави тутунот.
- Други видови на "чист никотин" се користат како безбеден начин за да им се помогне на луѓето да се откажат од пушењето веќе речиси 3 децении. Производите вклучуваат лепенки, таблетки за лижење, гуми за џвакање, производи за вдишување преку уста и назален спреј.
- Иако е-цигарите може да придонесат за присуство на никотинска пареа во воздухот, пареата е помалку токсична од пасивното пушење тутун.
Можни опасности во врска со е-Цигарите
Голем дел од можните опасности во врска со е-цигарите доаѓаат од недостигот на информации за производот. Исто така, постои и недостиг на стандардизација и контрола на квалитетот меѓу повеќе од 250-те видови вакви производи.
- Производителите ги рекламираат е-цигарите како начин да им се помогне на луѓето да престанат со пушење. Некои докази покажуваат дека користењето на е-цигарите може да им помогне на луѓето да го намалат користењето на цигари или да престанат да пушат. Меѓутоа, овие докази не се многу цврсти. Тие доаѓаат од истражувања или известувања кои не се научни студии.
- Со толку многу брендови на пазарот, тешко е да се извлечат заклучоци. Постојат различни никотински решенија, со големина на куршум, со елементи за загревање и со батерии, со адитиви и ароми, и со потенцијални токсични супстанци во пареата. Здравите ефекти може да варираат во зависност од сите овие фактори.
- Иако пареата од е-цигарите веројатно е помалку токсична од чадот на цигарите, концентрацијата на токсини и контролата на квалитетот на е-цигарите е различна. Не е познато дали постои "сигурно" ниво на токсини во пареата.
- Луѓето може да почнат да ги користат е-цигарите едноставно затоа што тие се помалку штетни од цигарите од тутун. Ова може да биде особено точно за младите, кои се целна популација, таргет, за маркетингот на е-цигарите. Тие би можеле да почнат да користат е-цигари, а потоа да додадат или да преминат на цигари од тутун или на други производи од тутун, кои имаат познати тешки ризици по здравјето.
- Е-цигарите изгледаат како вистински цигари. Затоа, нивното користење може да ја зголеми социјалната прифатливост на пушењето во целост.
Извор: US Food and Drug Administration
Benowitz NL, Goniewicz ML. The regulatory challenge of electronic cigarettes.
JAMA. 2013;310(7):685-686.
Подготвил: м-р д-р Валентина Симоновска, прим. д-р сци. Весна Спирова.
|