PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 55 |
Посети (овој месец): | 26231 |
Посети (оваа година): | 104182 |
Посети (вкупно): | 1097724 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
17 Ноември - Светски ден на прематуритетот
Факти
üСе проценува дека секоја година 15 милиони деца се раѓаат предвреме (пред завршени 37 седмици на гестацијата) и овој број расте.
üКомпликациите од предвременото раѓање се водечки причини за смрт кај децата под 5 годишна возраст, и се одговорни за близу 1 милион случаи на смрт во 2015 година.
üТри четвртини од нив би можело да бидат спасени со денешните, кост-ефективни интервенции.
üВо 184 земји, стапката на предвремено раѓање има опсег од 5% до 18% од родените доенчиња.
Прематуритетот се дефинира како живородени доенчиња пред да се завршат 37 седмици од бременоста. Постојат поткатегории на предвремено раѓање врз основа на гестациската старост:
Екстремно предвремено раѓање (< 28 недели)
Мошне предвремено раѓање (од 28 до < 32 недели)
Умерено до задоцнето предвремено раѓање (од 32 до < 37 недели).
Индукција или породувањето со царски рез не треба да се планираат пред завршени 39 недели, освен ако не се медицински индицирани.
Се проценува дека секоја година 15 милиони доенчиња се раѓаат прерано. Тоа се повеќе од едно на 10 доенчиња. Близу 1 милион деца умираат секоја година поради компликации од предвременото раѓање. Многу преживеани се соочуваат со доживотен инвалидитет, вклучувајќи неспособност за учење и проблеми со видот и слухот.
Глобално, прематуритетот е водечка причина за смрт кај децата под 5 години. И скоро во сите земји со веродостојни податоци, стапката на предвремени раѓања расте.
Разликите во стапката на преживување ширум светот се сериозни. Во средини со низок приход, половина од доенчињата родени со или пред 32 седмици (2 месеци порано) умираат поради недостиг од изводлива, кост-ефективна заштита, која вклучува загревање, поддршка на доењето и основна заштита од инфекции и тешкотии со дишењето. Во земјите со висок доход, скоро сите од овие доенчиња преживуваат.
Преттерминското породување се случува поради различни причини. Најголем број преттермински породувања се случуваат спонтано, но некои се должат на рана индукција на раѓањето или породување со царски рез, било поради медицински или немедицински причини.
Обично причините за преттерминско породување вклучуваат повеќекратни бремености, инфекции и хронични состојби како што се дијабет и висок крвен притисок; меѓутоа, честопати не се идентификува ниту една причина. Исто така, може да постои генетско влијание. Подоброто разбирање на причините и на механизмите на преттерминското породување ќе го унапреди развојот на решенија за да се спречи предвременото раѓање.
Повеќе од 60% од предвремените раѓања се случуваат во Африка и Јужна Азија, но предвременото раѓање е вистински глобален проблем. Во просек, во земјите со низок приход, 12% од доенчињата се родени прерано споредено со 9% во земјите со висок приход. Во земјите одделно, посиромашните семејства се со повисок ризик.
Ноември 2017
Преземено од: http://www.who.int/
Подготвил: прим. д-р сци. Весна Спирова
|