PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 1399 |
Посети (овој месец): | 28795 |
Посети (оваа година): | 469174 |
Посети (вкупно): | 1462716 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
За здраво стареење е потребен пристап насочен кон начинот на живеење
Првиот „Светски извештај за стареењето и здравјето“ („World report on ageing and health“) повикува на итна, сеопфатна јавно-здравствена акција за внимание кон населението кое старее. Извештајот ги резимира современите докази и сознанија, ги исправа општо прифатените погрешни сфаќања и претпоставки и исцртува рамка за постапување за да го потпомогне здравото стареење ширум светот.
Клучните пораки на Извештајот ги поддржуваат оние пораки на претстоечката Европска министерска конференција на СЗО кои се однесуваат на пристапот кон начинот на живеење: (1) Рано да се започне до максимум да се зголемува функционалната способност. (2) Да се одржи пикот на здравјето со спречување и одложување на отпочнувањето на незаразните заболувања, за што никогаш не е доцна. (3) Да се минимизира инвалидитетот со обезбедување на околина што е од помош, ефективно да се менаџираат хроничните состојби и да се развиваат системи за здравствена заштита со нивно трансформирање од модели врз основа на болест и нејзино лечење кон обезбедување на интегрирана заштита насочена кон старите лица.
Отворање на потенцијалот на населението кое старее
Населението кое старее би можело да биде нова можност за општеството кога Земјите членки би можеле да се реориентираат себеси и кога би го отвориле потенцијалот на здравото стареење. Градејќи ја „активната рамка за стареење“, Светскиот извештај продолжува да предлага промена во размислувањето околу стареењето. Доказите индицираат дека придонесот што старите луѓе го прават за заедницата во земјите со висок доход ги преминуваат трошоците на стареењето и долгорочната заштита.
Здраво стареење
Активностите за промовирање на здравото стареење одат над елиминација на болест до промоција на здравјето низ целиот животен век и му даваат поддршка на стареењето за континуирано функционирање во староста. Здравјето во контекст на здравото стареење се однесува на способноста на поединецот да ги извршува работите кои се важни за него или неа. Здравото стареење е процес на развивање и одржување на функционалната способност која овозможува добросостојба во староста. Функционалната способност на поединецот, особено после отпочнување на болест, зависи од поддршката во средината во која живее и од ефективното менаџирање на незаразните болести.
Декември, 2015
Преземено од: http://www.who.int/
Автор: R. Wiley, 01-10-2015
Подготвил: прим. д-р сци. Весна Спирова
|