PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 703 |
Посети (овој месец): | 13137 |
Посети (оваа година): | 123160 |
Посети (вкупно): | 1116702 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Светски ден на крводарителсвото, 14 јуни 2017 Што можеш да сториш? ДАРУВАЈ КРВ ДАРУВАЈ СЕГА ДАРУВАЈ ЧЕСТО |
На 14 јуни, секоја година, земјите во светот го одбележуваат Денот на крводарителството. Овој настан служи да се подигне свеста за потребата од сигурна крв и крвни продукти и да им се покаже благодарност на крводарителите за нивниот подарок, крвта, што спасува живот.
Фокус на овогодинешната кампања
Секоја година итни случаи го погодуваатживотот и здравјето на милиони луѓе. Во последната деценија повеќе од 1 милион смртни случаи биле предизвикани од несреќи, а повеќе од 250 милиони луѓе се погодени од итни случаи секоја година. Природните катастрофи како што се земјотреси, поплави и бури создаваат значителна потреба за итна здравствена заштита, а во исто време, тие често ги уништуваат виталните здравствени капацитети.Несреќите предизвикани од човечки фактор, како што се сообраќајните несреќи и вооружените конфликти, создаваат суштинска потреба од здравствена заштита и потреба од третман на првата линија.
Трансфузијата на крв е суштинска компонента на итната здравствена заштита. Итните случаи ја зголемуваат побарувачката од трансфузија на крв чијашто испорака е сложена и претставува предизвик. Соодветното снабдување со крв за време на итни случаи бара добро организирани служби за крводарителство, а тоа единствено може да се обезбеди со ангажирање на целата заедница и со крводарителска популација посветена на доброволно и бесплатно крводарителсво во текот на целата година.
Слоган на овогодинешната кампања
Оваа година кампањата ќе се фокусира на крводарување во итни случаи. Во кризи или вондредна состојба, природна човечка реакција е “Што можам да сторам”, “Како можам да помогнам”? Затоа, слоганот на кампањата за 2017 година е:Што можеш да сториш, со втора порака: Дарувај крв, Дарувај сега, Дарувај често.
Кампањата ја нагласува улогата на секој еден човек која може да ја игра при помагање на другите во итни случаи, со давање на вреден подарок од крв. Исто така, кампањата се фокусира на фактот дека е важно да се дарува крв редовно, така што количината на крв ќе биде доволна пред да се случи итна состојба.
Јуни, 2017
Извор: http://www.who.int/
Подготвил: Бранка Крстев, дипл. социјален работник
|