PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 1696 |
Посети (овој месец): | 29092 |
Посети (оваа година): | 469471 |
Посети (вкупно): | 1463013 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
НЕДЕЛА НА ПРЕВЕНЦИЈА НА РАК НА ГРЛО НА МАТКА
(18-24 Јануари)
Ракот на грлото на матката е четврти најчест карцином кај жените. Во 2018 година, околу 570 000 жени биле дијагностицирани со рак на грлото на матката ширум светот и околу 311 000 жени починале од оваа болест
Скоро сите случаи на рак на грло на матка (99%) се поврзани со инфекција со високо-ризични хумани папиломавируси (ХПВ), исклучително чест вирус пренесен преку сексуален контакт. Иако, повеќето инфекции со ХПВ се повлекуваат спонтано и не предизвикуваат никакви симптоми, постојаната инфекција може да предизвика рак на грлото на матката кај жените.
Ефективните примарни (ХПВ вакцинација) и секундарни превентивни пристапи (скрининг и лекување на преканцерозни лезии) ќе спречат повеќето случаи на рак на грлото на матката.
Кога рано се дијагностицира, ракот на грлото на матката е една од најуспешно лекуваните форми на карцином. Ракот дијагностициран во доцните фази, исто така, може да се контролира со соодветен третман и палијативна нега.
Ниту една жена не треба да умире од рак на грло на матка.Постојат технички, медицински, стратешки пристапи за да го елиминираме тоа. Најголемиот дел од товарот на рак на грлото на матката паѓа врз жените кои немаат пристап до здравствени услуги, главно во земјите со низок и среден приход.
Извор:https://www.who.int/, пристапено на 24.01.2021
|