PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 1784 |
Посети (овој месец): | 29180 |
Посети (оваа година): | 469559 |
Посети (вкупно): | 1463101 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
ВАКЦИНАЦИЈА ЗА СЕЗОНСКИ ГРИП
Грипот или Инфлуенца е акутно вирусно, космополитско заболување од кое секоја година речиси 5-15% од светската популација заболува.Инфекцијата се пренесува аерокапково односно преку кивање, кашлање, зборување и преку директен контакт со контаминирани предмети и површини. Високата инфективност и честите мутации на вирусот водат до појава на нови видови на вируси на кои човекот не е отпорен а посебно осетливи популациони групи се старите лица, имунокомпромитираните и хроничните болни , бремените жени и малите деца.
Грипот е вакцино превентабилно заболување, односно вакцинацијата против грип е најбезбедниот начин на индивидуална и колективна заштита од заболувањето. Системот за надзор на СЗО секоја година прави проценка каде и кој тип од вирусот ќе циркулира и врз основа на нивните податоци се препорачува составот на вакцината против грип за секоја претстојна сезона.
ЈЗУ ЦЈЗ Скопје секоја година обезбедува одредена количина на вакцини против грип. Вакцинација се спроведува на одделот за вакцинација во службата за епидемиологија при ЦЈЗ Скопје. Вацините кои се применуваат се од производителот Санофи Пастер од Франција, истите се четиривалентни односно ги содржат четирите типови на вирус кои според СЗО се предвидени дека ќе циркулираат на северната хемисфера како и според одлуката на ЕУ за сезоната 2021/2022. Истата е наменета за возрасни и деца од 6 месечна возраст.
Вакцинацијата е во тек. Сите заинтересирани лица можат да дојдат во службата за вакцинација секој работен ден од 07-15h од понеделник до петок
|