PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 1661 |
Посети (овој месец): | 29057 |
Посети (оваа година): | 469436 |
Посети (вкупно): | 1462978 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Хигиена на рацете при здравствена нега
Најголем дел од инфекциите асоцирани со здравствена нега може да се превенираат со добра хигиена на рацете – чистење на рацете во право време и на прав начин. Рацете на здравствените работници играат клучна улога во одржување на безбедноста на пациентите. Доколку здравствените работници не ги чистат рацете во вистински момент и со примена на соодветни методи, тие може преку своите раце да пренесат микроорганизми кои предизвикуваат инфекција од еден пациент на друг. Одржување на хигиена на рацете во клучни моменти е важна интервенција во здравствената заштита. Хигиената на рацете го намалува преносот на микроорганизми (вклучително и оние кои се резистентни на антибиотици), ја зголемува безбедноста на пациентот и ги намалува инфекциите асоцирани со здравствена нега.
Најголем дел од инфекциите асоцирани со здравствена нега може да се превенираат со добра хигиена на рацете – чистење на рацете во право време и на прав начин. Упатствата на СЗО за хигиена на раце при здравствена нега се во насока на промовирање и унапредување на хигиена на рацете во здравствените установи насекаде низ светот и се надополнети со мултимодалната стратегија на СЗО за подобрување на хигиената на раце, водичот за спроведување и комплетот алатки за спроведување, каде се содржани голем број готови практични алатки. Овој модул е изработен со цел да се резимираат упатствата на СЗО за хигиена на раце, поврзаните алатки и идеите за ефективно спроведување.
Ефективната, навремена хигиена на рацете е основа за превенција и контрола на инфекции. Овој ден е посебно значаен во време кога светот се соочува со пандемија и преку него се акцентира хигиената на рацете како една од основните превентивни мерки за заштита од вирусот.Респираторните вируси како корона вирусот (Ковид-19) се шират преку слуз или капки што го содржат вирусот, а во организмот навлегуваат преку очи, нос или грло. И ова многу често се случува преку рацете. Во контекст на превенција од Ковид-19, рацете задолжително треба да се мијат често, а особено по секнење на носот, кашлање или кивање, по посета на јавен простор, присуство во јавен превоз, по посета на пазари и верски објекти, по допирање површини надвор од дома, вклучувајќи и пари, како пред или за време на грижа за болно лице, пред и по јадење, по употреба на тоалет, ракување со отпад, допирање животни и домашни миленици, менување пелени или помош на деца при одење во тоалет итн.
Светската здравствена организација посочува дека честата и темелна хигиена на рацете е една од најефективните мерки за превенција од дијареја, од воспаление на белите дробови, но и низа други инфекции кои можат да имаат и фатални последици.
ehttps://openwho.org/courses/IPC-HH-mk
|