PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 1700 |
Посети (овој месец): | 29096 |
Посети (оваа година): | 469475 |
Посети (вкупно): | 1463017 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ
12- ти мај се одбележува како Меѓународен ден на медицинските сестри ширум светот во чест на услугите на медицинските сестри. Тоа е годишнина од раѓањето на Флоренс Најтингел, англискиот социјален реформатор, статистичар и основач на модерното сестринство. Темата за овогодинешниот Ден на медицинските сестри е „Медицински сестри: Глас за водство - Инвестирајте во медицинската сестра и почитувајте ги правата за да се обезбеди глобално здравје“. Меѓународниот совет на медицински сестри (International Council of Nurses, ICN) е првата и најширока меѓународна организација во светот за здравствени работници со седиште во Женева, Швајцарија. Таа федерација на национални здруженија на медицинските сестри во повеќе од 130 земји работи на поставување на стандардизирана квалитетна здравствена (сестринска) нега за сите и праведна здравствена политика на глобално ниво.
Пораки до националните власти и креаторите на политиките:
- Инвестициите во обука и вработување медицински сестри се исплатливи.
- На глобално ниво, 70% од здравствената и социјалната работна сила се жени. Да го поттикнеме и промовираме нивното лидерство за да можат да постигнат правична, достоинствена и пристојна работа.
- Инвестициите во обука и повеќе работни места ќе ја подобрат достапноста. Ваквите политики ќе помогнат да се заштитат овие работници, да се подобрат работните услови и да се задржат во служба.
- Здравствените работници се клучни за флексибилни здравствени системи. Мора да ги заштитиме и инвестираме во нив за да имаме повеќе професионалци и да ги подобриме условите за работа.
- Образовниот сектор и клиничката пракса треба да се ревидираат и регулираат за да се осигура дека идните медицински сестри се квалификувани да преземат поголеми одговорности на работното место.
- Мора да се анализираат и да се подобрат условите за работа и паричните стимулации за да се зголеми вработувањето и задржувањето на професионалците - медицински сестри.
Потготвил: Дип.Соц.работник Флорија Хамид,
Извор:https://www.iph.mk/megunarodna-nedela-na-sestrinstvoto/
https://www.paho.org/en/campaigns/international-nurses-day-12-may-2022
|