PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 1649 |
Посети (овој месец): | 29045 |
Посети (оваа година): | 469424 |
Посети (вкупно): | 1462966 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
4 ЈУНИ, МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА НЕВИНИ ДЕЦА
ЖРТВИ НА АГРЕСИЈА
Целта на овој ден е да се оддаде признание на болката и страдањата што ги прежувуваат децата ширум светот - жртви на физичко, психичко и емоционално насилство. На овој ден Обединетите нации ја потврдуваат својата посветеност и обврзаност кон заштитата на правата на децата.
Статистичките податоци во врска со многуте форми на злоупотреба на децата се загрижувачки:
● Преку 2 милиони деца се убиени во конфликти во последните две децении;
● Околу 10 милиони деца-бегалци се згрижени од страна на УНХЦР;
● Околу 80 илјади деца годишно умираат како резултат на насилство
во семејствата….(1)
Иако е тешко да се одреди точен број на деца војници, според УНИЦЕФ, околу 300 000 деца низ светот се деца војници. Ова не подразбира само деца на фронт кои имаат оружје во рака, туку и деца кои на било каков начин се условени да бидаат дел од воени организации..
Само во САД секоја година се злоупотребуваат околу 700.000 деца. Многу родители мислат дека злоупотреба е само ако децата физички се повредуваат.
Но, да не забораваме на емоционалната злоупотреба. Случаен збор што го употребуваме без да размислуваме, може да доведе до вознемиреност, депресија или слаба самодоверба. Насилството врз децата ги вклучува сите форми на насилство врз лица под 18 години без разлика дали се извршени од родители или други старатели, врсници и др. Се проценува дека до 1 миларда деца на возраст од 2-17 години доживеале физичко, сексуално или емоционално насилство. Секое насилство во детсвото влијае на доживотното здравје и благосостојба во подоцнежниот период .
Целта 16.2 од Агенција за одржлив развој за 2030 година е ,,да се стави крај на зло употребата, експлоатацијата, трговија со луѓе и сите форми на насилство врз децата’’
Насилството врз децата има доживотни влијанија врз здравјето и благосостојбата на децата, семејствата, заедниците и нациите.
Децата изложени на насилство имаат поголема вероjатност да го напуштат училиштето, потешкотии да најдат и да задржат работа и се изложени на зголемен ризик, со што насилството врз децата може да влиаје на следните генерации.
Насилството врз децата може да се спречи. Сречувањето и одговорот на насилството врз децата бара систематски да се решава на ризичните и заштитните фактори на сите нивоа на (индивидуа, семејство, училиште, заедница и општество).
Секое дете треба да има безгрижно детство, ослободено од грижи, насилство, екслоатација и злоупотреба.
Изработил: Семира Саити, дип.правник / Одделение за социјална медицина/ јуни, 2022
Извор: http://www.intuition-in-service.org/june.cfm
https://www.who.int/news-room/fact-sheets/detail/violence-against-children
|