PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 985 |
Посети (овој месец): | 28381 |
Посети (оваа година): | 468760 |
Посети (вкупно): | 1462302 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Светски ден на здравјето кај мажите против рак на простата
Ракот на простата е еденод најчестите видови на рак. Многу видови на рак на простата растат бавно и се ограничени на жлездата на простата, каде што можеби нема да предизвикаат сериозна штета. Сепак, некои видови на рак растат бавно и ќе треба минимален или никаков третман. Другите видови се агресивни и може многу брзо да се прошират.
Ракот на простатата кој е рано откриен – кога се уште е ограничен на жлездата на простатата – има најдобри резултати за успешно лекување.
Симптоми
Ракот на простатата може да не предизвика никакви знаци или симтоми во раните фази, а во понапредните фази може да предизвика знаци и симтоми како што се:
- Проблеми со мокрење
- Намалена сила во протокот на урина
- Крв во урина
- Крв во спермата
- Болка во коските
- Слабеење
- Еректилна дисфункција
Фактори кои можат да го зголемат ризикот од рак на простата вклучуваат:
Постара возраст. Ризикот од рак на простата се зголемува со стареењето.
Најчесто по 50-та година од животот.
Семејна историја. Ако на некој од најблиското семејство, му бил дијагностициран рак на простата, ризикот може да се зголеми. Исто така, доколку имате семејна историја на гени кои го зголемуваат ризикот на рак на дојка (BRCA 1 или BRCA2) или многу силна семејна историја за рак на дојка, ризикот е поголем.
Дебелина. Луѓето со зголемена телесна маса, имаат поголем ризик од рак на простата, наспроти лицата со нормална телесна маса, иако студиите покажуваат различни резултати.
Превенција
Ризикот од рак на простата може да се намали ако:
Избереме здрав начин на исхрана збогатен со овошје и зеленчук, бидејќи овошјето содржи многу витамини и хранливи материи кои можат да го подобрат целокупното здравје. Физичка активност и вежбањето влијаат на целокупното здравје, помагаат во одржување на телесната тежина и доброто расположение. Разговор со матичен лекар за зголемен ризик од рак на простата.
Ако сте загрижени за ризикот од развој на рак на простата, разговарајте со Вашиот лекар.
Изработил: Семира Саити, дип.правник/ Одделение за социјална медицина
Ноември 2022 година
https://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/prostate-cancer/symptoms-causes/syc-20353087
|