PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 0 |
Посети (овој месец): | 5825 |
Посети (оваа година): | 5825 |
Посети (вкупно): | 1482854 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Меѓународен ден на лицата со посебни потреби
Годишното одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост на 3 декември има за цел да промовира разбирање за проблемите со попреченоста и да мобилизира поддршка за достоинството, правата и благосостојбата на лицата со попреченост.
Темата за овогодинешниот ден на (International day of persons with disabilities) IDPD, во 2023 година е „Обединети во акција за спасување и постигнување на (SDG) за, со и од лицата со попреченост“.
Заинтересираните заедници ширум светот денеска да ја искористат можноста и ќе се фокусираат на иновативни мерки за понатамошно спроведување на меѓународните норми и стандарди поврзани со лицата со попреченост. Заедниците кои учествуваат вклучуваат владини, невладини организации и приватниот сектор, каде што ќе промовираат поголем интерес и свест кај заинтересираните страни за социјалните, културните, економските, граѓанските и политичките права на лицата со попреченост.
Медиумите имаат особено важен придонес за поддршка на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Во текот на целата година, тие презентираатнапредок и пречки во спроведувањето на политиките, програмите, проектите и промоцијата за подигање на јавната свест за придонесите на лицата со попреченост.
Повеќе од 1,3 милијарди луѓе денес доживуваат значителна попреченост, што претставува 16% од светската популација. Многу лица со попреченост умираат порано, се изложени на зголемен ризик да развијат низа здравствени состојби и искусуваат повеќе ограничувања во секојдневното функционирање отколку остатокот од населението. Овие посиромашни здравствени исходи ги нарекуваме „здравствени нееднаквости“, бидејќи тие во голема мера може да се избегнат и поттикнат и од неправедни фактори во и надвор од здравствениот сектор. Овие фактори вклучуваат, на пример, дискриминација во нашите општества, неправедни политики, детерминанти на здравјето, недостаток на пристап или квалитет на нега и негативни ставови на здравствените работници. Овие здравствени нееднаквости се остар потсетник дека лицата со попреченост премногу често се оставаат зад себе и дека за постигнување добро здравје и благосостојба за сите (SDG3) е потребно значајно учество и зајакнување на лицата со попреченост.
Подготви: Мирвете Бафтија, дипл. соц. работник во Одделение за социјална медицина, Ноември, 2023 година
https://www.who.int/campaigns/international-day-of-persons-with-disabilities/2023,
https://www.paralympic.org/news/world-celebrates-international-day-persons-disabilities
|