PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 231 |
Посети (овој месец): | 27627 |
Посети (оваа година): | 468006 |
Посети (вкупно): | 1461548 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
ШЕСТНАЕСЕТТИ СПОРТСКИ СИНДИКАЛНИ ИГРИ одржани на 30.05-01.06.2014 во хотел Молика, Битола Оваа година домаќин на спортските синдикални игри беше ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола и истите беа организирани во хотел Молика, Битола, од 30.05-01.06.2014. Од Центарот за јавно здравје –Скопје беа испратени 14 учесници и тоа: Учесниците од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, активно земаа учество во следните дисциплини: Меѓународен ден против злоупотреба и нелегална трговија со дрога 2014 Четврток, 26 јуни, 2014 година глобална акција за здрава заедница без дрога Меѓународниот ден на Обединетите нации (ОН) за борба против користење и недозволена трговија со дрога се обележува секоја година на 26 јуни за да ја подигне свеста за овој значаен проблем во општеството. Овој ден е поддржан од поединци, заедници и различни организации во целиот свет. ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОБНОВА НА ВОЗНИОТ ПАРК ВО ЦЈЗ СКОПЈЕ ВО 2014 година Обновувањето на возниот парк со 4 нови возила согласно предвидениот план за 2014 година е завршено во месец мај 2014 г. За потребите на Центарот за јавно здравје Скопје набавени се две нови возила шкода рапид заради навремено, квалитетно и ефективно извршување на работните задачи на терен (надвор од установата). За службата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во одделението за епидемиологија, се набавени две товарни возила марка Volkswagen Transporter Doka 30 MP; на кои ќе бидат товарени аеросолните апарати за терестичка дезинсекција со цел професионално и квалитетно да биде извршена терестичката дезинсекција против комарци и други видови инсекти на подрачјето на град Скопје. ИНФОРМАЦИЈА ЗА БЕСПЛАТНИ МИКРОБИОЛОШКИ ПРЕГЛЕДИ ВО ЦЈЗ СКОПЈЕ 2014 година Во ЦЈЗ Скопје, во одделение за микробиологија, по препорака на Министерството за здравство на РМ се вршат бесплатни микробиолошки прегледи. Прегледите се наменети за социјално загрозени лица (невработени жени) и лица со ниски месечни примања. Препорачаните прегледи се од категоријата на гинеколошки прегледи: микоплазма, уреоплазма и кламидија, а во континуитет течат и веќе започнатите прегледи за рано откривање на колоректален карцином. АКРЕДИТАЦИЈА ВО ЦЈЗ СКОПЈЕ 2014 Во ЦЈЗ Скопје, согласно предвидениот план за проверки од страна на Инстиутот за акредитација на РМ е спроведена акредитациска проверка на методи за хемиско и микробиолоШко тестирање храна и вода. Исто така, е спроведена и проверка за хемиско и микробиолоШко мострирање на вода за пиење од дистрибутивна мрежа, како и микробиолошко и хемиско мострирање на храна, согласно интернациомналните ИСО стандарди и важечката регулатива во РМ. По остранување на најдените забелешки и препораки Институтот за акредитација на РМ издаде на наШата установа ПРИЛОГ кон СЕРТИФИКАТОТ за акредитација на ИСО 17025/2006 со број на Сертификат: лот 019 во кој се наведени 60 акредитирани методи од погоре споменатиот опсег. ИНФОРМАЦИЈА за терестичка дезинсекција на подрачјето на градот Скопје за 2014 година На подрачјето на градот Скопје, во текот на месец мај, јуни ,јули , август и септември ке се направи терестичка дезинсекција за уништување на возрасните форми на комарци. Врз основа на претходно склучениот договор помеѓу градот Скопје и ЈЗУ Центар за Јавно Здравје - Скопје, за вршење на терестичка апликација на средството Аква К-отрин, ќе се поминат по 5000 хектари површина по претходно изготвен и доставен план за динамиката на активностите по денови. Со терестичката дезинсекција превентивно се штити населението од комарците. Се поминува на сите посочени локации на подрачјето на населбите, по главните улици и булевари.Акцијата се изведува во раните утрински часови од 01 до 06 часот, со два аеросолни генератори за таа намена. Светски ден за борба против пушењето -31 мај 2014- 2014: Да ја покачиме таксата на тутунотГлобалната епидемија на пушење секоја година убива близу 6 милиони луѓе, од кои повеќе од 600 000 се непушачи кои умираат како последица од пасивно пушење. Доколку не делуваме, оваа епидемија ќе убива повеќе од 8 милиони луѓе секоја година до 2030 година. Повеќе од 80% од оваа смртност што може да се превенира, ќе биде меѓу луѓето кои живеат во земјите со низок и среден приход. |
|