PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 1425 |
Посети (овој месец): | 26981 |
Посети (оваа година): | 467360 |
Посети (вкупно): | 1460902 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
1-ВИ ДЕКЕМВРИ, СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ СИДА-ТА
Проценето е дека во светот, во 2012 година, 35.3 (32.2-38.8) милиони лица живееле со ХИВ. Ова претставува зголемување споредено со претходните години бидејќи повеќе луѓе примаат антиретровирусна терапија која го спасува животот. Во 2012 година имало вкупно 2.3 (1.9-2.7) милиони нови случаи со ХИВ инфекција, што покажува опаѓање од 33% на бројот на нови инфекции од 3.4 (3.1-3.7) милиони во 2001 година. Истовремено, бројот на случаи со смртен исход од СИДА, исто така се смалува на 1.6 (1.4-1.9) милиони умрени од СИДА во 2012 година, намалено од 2.3 (2.1-2.6) милиони во 2005 година. (Преземено од UNAIDS report on the global AIDS epidemic 2013) Членовите на мисијата за проценка на јавно-здравствениот систем во Република Македонија, експертите од СЗО, Dr. Maria Ruseva и Dr. Richard Alderslade, предводени од м-р Снежана Чичевалиева, шеф на Канцеларијата на СЗО во Република Македонија, во петокот на 15-ти ноември остварија работна средба во Центарот за јавно здравје-Скопје со раководниот тим предводен од директорот д-р Shemsi Musa, специјалист по хигиена. При тоа, членовите на мисијата беа детално запознаени со значењето на Центарот во системот на здравствената заштита, неговата мисија, организација, начин на финансирање, кадровска обезбеденост и особено детално за работата на превентивните дејности кои оваа установа ги обединува. Центарот за јавно здравје Скопје спроведува Обука за основните знаења за безбедност на храната,правила за добра хигиенска пракса и заштита на животната средина. Менаџментот на ЈЗУ ЦЈЗ Скопје со ДИГНИТЕТ објавува: Центарот за јавно здравје Скопје го прошири опсегот на акредитација со нова акредитирана метода за анализа на ПЕСТИЦИДИ во храна, по проверката која беше спроведена во нашите хемиски лаборатории во јули годинава, од страна на Институтот за акредитација на РМ. Со тоа Прилог - листата со акредитирани методи се зголеми од 49 на 50 вкупно акредитирани методи за тестирање храна и вода. Истата може да се превземе од рубриката ЗА НАС или директно од веб страната на Институтот за акредитација/Лаборатории за тестирање. Сите корисници на нашите услуги (особено земјоделски производи, жита и брашна), можат да побараат анализа на органохлорни пестидици со акредитирана метода во нашата установа. ИНФОРМАЦИЈА ЈЗУ ЦЈЗ СКОПЈЕ СЛУЖБА ЗА ДДД ДЕРАТИЗАЦИЈА НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ЌЕ ЗАПОЧНЕ НА ДЕН 14.10.2013 ГОДИНА (ПОНЕДЕЛНИК) И ЌЕ ТРАЕ ДВЕ НЕДЕЛИ ,АКО ТОА ГО ДОЗВОЛУВААТ ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ. Од 17.10.2013 година, во просториите на ЈЗУ Центарот за Јавно Здравје - Скопје ќе се отпочне со вакцинација на населението против сезонски Грип - 2013/2014. За потребите на населението обезбедени се две ординации (на приземниот дел и на вториот кат). Цената на поединачна доза изнесува 400,00 ден. Работно време од 08:00 – 18:00 часот секој работен ден. Сабота и државни празници 08:00 – 14:00 часот. За додатни информации ве молиме јавете се во Одделението за епидемиологија при ЈЗУ Центарот за Јавно Здравје - Скопје. Контакт тел: 3230 058 или 3298 667 лок.123 Akcija na Centarot za javno zdravje Skopje Centarot za javno zdravje Skopje vikendov na 12.10.2013 godina vo periodot od 8 i 30 do 12 i 30 organizira[e besplatni merewa na [e]er i holesterol vo krvta kaj lica od naselenite mesta okolu naselbata Dra~evo. |
|