PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 1371 |
Посети (овој месец): | 26927 |
Посети (оваа година): | 467306 |
Посети (вкупно): | 1460848 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Болестите на циркулаторниот систем, значаен јавноздравствен проблем Незаразните болести - кардиоваскуларните болести, малигните тумори, шеќерната болест, повредите и други, со децении назад доминираат во нашата национална патологија. Незаразните болести во нашата земја се водечки причини за морбидитет, инвалидност и прерана смрт (на возраст под 65 години). СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО - 7 АПРИЛ 2014 - Темата за 2014 година се болестите пренесени со вектор Светскиот ден на здравјето секоја година се прославува на 7 април за да се одбележи годишнината од основањето на Светската здравствена организација (СЗО) во 1948 година. Секоја година се одбира тема која истакнува област приоритетна за јавното здравје. Овој ден дава можност за поединците во секоја заедница да се вклучат во активности кои можат да придонесат за подобро здравје. АНАЛИЗА НА МОРБИДИТЕТОТ ПОВРЗАН СО АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ВО СКОПЈЕ 2013 г. Во ЈЗУ ЦЈЗ Скопје се изработува здравствена евиденција за влијанието на загадениот воздух врз здравјето на населението по методологија препорачана од Институтот за јавно здравје на РМ. Се следи сезонскиот морбидитет од неспецифични респираторни болести кај предучилишни (0-6 години) и училишни деца (7-14 години), посебно за град и село, по шифрите Ј00 - Ј99 (неспецифични респираторни болести) со исклучок на Ј10 - Ј18 (инфлуенца и пневмонија), согласно Меѓународната класификација на болестите (МКБ - 10). Во однос на концентрациите на СО2 и чад, може да се забележи сезонска варијација на концентрациите во летната (намалени) и зимската - грејна сезона (покачени). Намалувањето на загадувањето на воздухот со СО2 се должи на намалената количина на сулфур во горивата (сообраќајот и топлификацијата, приклучување на топланите на природен гас и подобрување на возниот парк). Во однос на концентрациите на аероседиментот, може да се забележи разлика во однос на месеците, што е резултат на просторната и временската дистрибуција на аероседиментот. Состојба со квалитетот на водата за пиење во руралните средини на територијата која административно ја покрива ЈЗУ ЦЈЗ Скопје ЈЗУ ЦЈЗ Скопје во согласност со Националната годишна програма за јавно здравје во Република Македонија за 2013 година(Службен весник на РМ бр.4/2013) вршеше континуиран мониторинг и евалуација на санитарно хигиенската состојба на водоснабдувањето на населението, на објектите за водоснабдување и на безбедноста(квалитетот и здравствената исправност на водите за пиење). Исполнувањето на програмските задачи за мониторинг на безбедноста на водата од јавните чешми во руралните средини се одвиваше преку:
Примероците вода за пиење за физичко-хемиска и микробиолошка анализа се земени од јавни чешми од сопствен водовод со кои не стопанисува организација за водоснабдување или од локални објекти (бунари, пумпи, селски чешми, извори и сл.) Светски ден за борба против туберкулозата– 24 март 2014 -„Пропуштените” 3 милиони Секоја година 9 милиони луѓе заболуваат од туберкулоза. 3 милиони луѓе не ја добиваат грижата која им е потребна. Помогнете ни да дојдеме до нив. Во 2014 година, слоганот на Светскиот ден за борба против туберкулозата гласи „Да дојдеме до 3-те милиони луѓе”.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ПОЈАВА НА АЛЕРГИИ Алергиите предизвикани од поленов прав стануваат се пораширени како акутно или хронично заболување на дишните патишта кај луѓето. Ова заболување во последно време зема се поголем замав и добива размер на епидемија бидејќи се повеќе луѓе чувствуваат проблеми со дишните патишта напролет, кога во воздухот се чувствува присуството на поленовиот прав. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА МАТИЧНИТЕ гИнеколози ВО ПЗЗ ВО ВРСКА СО дистрибуцијата на мајчините книшки ги известуваме матичните гинеколози од пзз дека Центарот за јавно здравје-скопје доби мајчини книшки кои Одделението за социјална медицина ќе ги дистрибуира квартално, почнувајќи од месец април 2014 година, а во рамките на програмата за активна здравствена заштита на мајки и деца во Р.Македонија за 2014 година. За таа цел номинирано е одговорно лице, прим.д-р Марика Каранфилова, со следните податоци за контакт: тел. 3298 667 локал 171. моб. тел. 070 365086, е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите |
|