PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 1760 |
Visits (this month): | 38675 |
Visits (this year): | 479054 |
Visits (total): | 1472596 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
АКТИВНОСТИ:
Службата за ДДД е направена оспоред систематски план за задолжителна превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Следење на спроведувањето на задолжителни превентивни ДДД услуги на корисниците, и врши контроли согласно барањата на ХАЦЦП принципите за безбедно произвоство на храна.
Согласно член 11 точка 10 од Законот за јавно здравје (Службен весник на РМ бр.22/10), ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје (како јавна здравствена установа основана од страна на Собрание на Република Македонија – Одлука за основање на Центарот е донесена од Собранието на РМ бр.08-2640/1 од 06.07.1993 година), спроведува превентивни мерки за дезинфекција , дезинсекција и дератизација.
Во самиот акт за основање од страна на Република Македонија , ни е наложено основањето на Службата за ДДД.Како една од основните дејности ни е дадено вршењето на дезинфекција, дезинсеција и дератизација, а за својата работа повторно врз основа на Законот на јавно здравје (претходно врз основа на Законот за здравствена заштита) Центарот за својата работа поднесува извештај на Министерството за здравство.
Од таа причина овластувањето за вршење на дејност ни е дадена со актот за основање и врз основа на закон.
Врши :
дезинфекција,дезинсекција и дератизација во здравствени установи, предучилишни и училишни установи.
Врши ДДД услуги во случај на епидемиолошки индикации, во согласност со договорот за деловна соработка и барања од правни и физички лица, корисници на нашите услуги.
ДДД услуги во угостителси и други објекти за производство, промет и чување на храна, ресторани и кафулиња, станбени објекти ( индивидуалжни куќи или згради за колективно живеење), деловни простории, производствени погон и магацински простории.
Фумигација на подрачјето на град Скопје и сите општини во Република Македонија (по барање на физички или правни субјекти) од областа на превентивна ДДД заштита и тоа:
Дезинфекција е намалување на вкупниот број,вируленцијата или потполно уништување на разни микроорганизми, причинители на заразни болести,кои се наоѓаат на телото,во водата,храната или на предметите и просториите за да се спречи настанување и ширење на заразна болест.
Дезинсекција е збир на превентивни и корективни постапки кои се спроведуваат со цел популацијата на членконоги не бидат проблем, односно да не ни досадуваат, да не ни го загрозуваат здравјето или нанесат економска штета.
При дезинсекција се применуваат сите техники меѓу кои и фумигација.
За целосно уништивуње на овие инсекти кои се штетни за човекот и се познати предизвикувачи на разни епидемии, постојат неколку принципи:
Ларвицидно третирање, за уништување на комарични ларви, со примена на биолошки и хемиски ларвициди, одобрени од Министерството за здравство - Биро за лекови.
Адултицидно третирање за уништување на возрасни комарци во места каде што тие се задржуваат (шеталишта, паркови, густо зеленило итн.)
Терестичка Дезинсекција каде третманите се спроведуваат со прскање, оросување, замаглување, односно со примена на ЛВ ладна постапка и УЛВ топла или ладна постапка, при што се користат два аеросолни генератори.
Процесниот пристап започнува во раните утрински часови, од 04 до 06ч, или по можност во вечерните часови од 19 до 21ч, кога и активноста на комарците е максимална.
Комбинација од ларвицидно и адултицидно третирање е вистинско решение за заштита од комарци во урбана или приградска средина.
Сите активности во смисла на оваа мерка за заштита од комарци, се дефинирани во утврдена програма и план на Центар за Јавно Здравје Скопје и на основа на сите биолошки, еколошки и хидрометеоролошки карактеристики на теренот во кој се спроведува оваа дезинсекција.
Дератизација е заедничко име за сите мерки и постапки кои се спроведуваат со цел да се сузбие односно намали популацијата на штетни глодари (стаорци,глувци и др) кои се резервоари и преносители на заразни заболувања.
|