PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 407 |
Посети (овој месец): | 7687 |
Посети (оваа година): | 7687 |
Посети (вкупно): | 1484716 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
3-ти мај 2016 година, Светски ден на астмата
>Можете Да Ја Контролирате Вашата Астма<
Светскиот ден на астмата е иницијатива започната во 1988 година од страна на GlobalInitiativeforAsthma (GINA), организација која ги поставува медицинските основни напатствија за контрола на болеста. Секоја година се избира тема која ја подига свеста за причините и ефектите од оваа бронхијална состојба која влијае врз близу 235 милиони луѓе ширум светот.
Организирана од здравствените работници во повеќе од 35 земји, иницијативата за Светскиот ден на астмата се фокусира на едукација на јавноста за тоа кои испитувања се смета дека се најуспешните начини за контрола и лекување на астма. Изминатите теми вклучуваа иницијатива под логото „Да ја намалиме оптовареноста со астма“. Се очекува дека со едукација бројот на оние кои страдаат од астма значително ќе се намали.
Глобалната иницијатива за астма, GINA, обезбедува едукативен материјал кој се дистрибуира на многубројни и различни настани кои се одржуваат за подигање на свеста, вклучувајќи и спортски настани. Темите во иднина би можеле да се насочат на прашања од животната средина кои влијаат врз оние кои страдаат од астма или на демистифицирање на медицинските истражувања кај астмата.
|