PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 220 |
Посети (овој месец): | 41052 |
Посети (оваа година): | 424048 |
Посети (вкупно): | 1417590 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Историјат
Центар за јавно здравје - Скопје е јавна здравствена установа која обавува специјалистичка превентивната здравствена заштита. Основана е од Собранието на Република Македонија на 6 јули 1993 година.
Почетоците на организирана превентивна здравствена заштита во градот се од дваесетите години од минатиот век. Целокупната дејност за одржување на физичкото здравје на населението ја вршел Хигиенскиот завод кој почнал да работи во 1925 година
Во 1934 година е отворена станицата за заштита од маларија и ерадикација на пегав тифус во населбата Чаир во Скопје. Денес во тој објект е сместена службата за дезинфекција, дезинсекција, дератизација и фумигација што работи во состав на Центарот. Во 1951 година е формиран Завод за здравствена заштита во кој функционирале здравствено превентивните служби. |
Во 1970 година е интегриран во Здравствен Дом на град Скопје, а од средината на осумдесетите во состав на оозт Заводи за превентивна медицина.
Со Законот за здравствена заштита донесен 1991 година оваа установа го доби името Завод за здравствена заштита Скопје а од 1994 година се одвоил од Здравствен Дом- Скопје и функционира како самостојна Јавна Здравствена Установа- Завод за задравствена Заштита -Скопје ,со сегашните дејности , одделенија и организациона поставеност.
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, од 29 мај, 2009 година, установата го доби сегашното име.-Центар за Јавно Здравје - Скопје. Согласно Законот за здравствена заштита Центарот за Јавно Здравје - Скопје ја следи, истражува и проучува здравствената состојба на населението, причините за појавата и ширењето на заразните и другите болести од социјално-медицинско значање, како и влијанието на еколошките фактори врз здравјето. Предлага и превзема мерки заради заштита и унапредување на здравјето на луѓето на целата територијата на подрачјето на град Скопје.
|