PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 408 |
Посети (овој месец): | 7688 |
Посети (оваа година): | 7688 |
Посети (вкупно): | 1484717 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Рак на белите дробови: наспроти сите напредоци, превенцијата е сеуште најдобра
Први август 2016 година го одбележа Светскиот ден на ракот на белите дробови. Ракот на белите дробови е еден од најчестите малигни неоплазми во светот, со 1,8 милиони луѓе дијагностицирани годишно.
Додека пушењето опаѓа во земјите со висок приход, стапката на пушење расте во земјите со низок и среден приход, па оттаму се предвидува инциденцата на ракот на белите дробови да расте глобално. Сепак, голем напредок е постигнат во превенцијата, откривањето и лечењето на ракот на белите дробови, па наспроти овие мрачни предвидувања постои причина за оптимизам.
Денес повеќето пациенти се јавуваат со напреднат рак на белите дробови, па раното откривање би имало длабок ефект врз преживувањето. Истражувањата покажале дека скринингот на селектирана популација со висок ризик (на пр. тековни или поранешни пушачи) со КТ скенови со ниска доза можат да откријат поголем процент на рак на белите дробови во ран стадиум од она што може да го стори радиографијата. Уште повеќе, една американска студија покажала дека ваквото рано откривање значајно ја намалува за 20% смртноста поврзана со ракот на белите дробови. Сега пред да се започне национален скрининг остануваат клучни прашања: (1) врз која популација посебно да се фокусира скринингот и (2) понатамошно прочистување на техничките аспекти на протоколите за скрининг. Скрининг се препорачува во САД, додека во Европа се чекаат податоците за смртноста и кост-ефективноста од NELSON истражувањето.
Подготвил: прим. д-р сци. Весна Спирова
Преземено од: The Lancet, August, 2016
За поопширно прочитајте на следниот линк:
Рак на белите дробови: наспроти сите напредоци, превенцијата е сеуште најдобра
|