PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 451 |
Посети (овој месец): | 7731 |
Посети (оваа година): | 7731 |
Посети (вкупно): | 1484760 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Растечката отпорност кон антибиотиците бара ажурирање на предложениот третман на сексуално преносливите инфекции
СЗО издаде нови насоки за лечење на хламидија, гонореја и сифилис.
30 Август, 2016, Женева. Новите насоки за лечење на овие три чести сексуално преносливи инфекции (СПИ), се издадени од СЗО како одговор на растечката закана од отпорноста кон антибиотиците.
Хламидиските болести, гонорејата и сифилисот се предизвикани од бактерии и обично се лечат со антибиотици. Меѓутоа, овие СПИ често сенедијагностицирани и стануваат потешки за лечење со некои од антибиотиците кои не успеваат како резултат на нивното неправилно и прекумерно користење. Се проценува дека секоја година 131 милиони луѓе се инфицирани со хламидија, 78 милиони со гонореја, а 5,6 милиони со сифилис.
Гонореја
Гонорејата е честа СПИ која може да предизвика инфекција на гениталиите, ректумот и грлото. Антимикробната отпорност се јавува и се шири со секое пуштање за користење на нови класи на антибиотици за лечење на гонорејата. Поради распространетата отпорност, постарите и поефтините антибиотици ја изгубиле нивната ефикасност во лечењето на инфекцијата.
Сифилис
Сифилисот се пренесува преку контакт со заболени гениталии, анус, ректум, усни или уста или од мајката на детето во тек на бременоста. Ако бремената жена има нелечен сифилис и инфекцијата се пренесе на фетусот, често може да предизвика негова смрт. Да се излечи сифилис, новите упатства на СЗО силно препорачуваат доза на benzathinepenicillin. Ова е најефикасното лечење на сифилисот, бидејќи е поефективно и поевтино од оралните антибиотици.
Хламидија
Хламидијата е најчестата бактериска СПИ и луѓето со оваа инфекција често се ко-инфицирани со гонореја. Упатството на СЗО за лечење на Chlamydia trachomatis ги повикува земјите да започнат веднаш со користење на обновените упатства, како што е препорачано во „Глобалната стратегија на здравствениот сектор за сексуално преносливите инфекции (2016-2021)“.
Кога се користат правилно и постојано, кондомите се едни од најефективните методи за заштита од сексулано преносливи инфекции.
Септември, 2016
Извор:http://www.who.int/
Подготвил: Бранка Крстев, дипл. социјален работник
|