PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 455 |
Посети (овој месец): | 7735 |
Посети (оваа година): | 7735 |
Посети (вкупно): | 1484764 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Младите луѓе и сексуалното здравје
Кон подобрување на стандардите за сексуалното образование во Европа
Според Европската комисија, сексуалното здравје може да биде поврзано со состојбата на физичка, емоционална, ментална и социјална благосостојба, поврзана со сексуалноста, и не е само отсуство на болест, дисфункција или слабост. Како чувствителна област, сексуалното здравје вклучува повеќе нивоа на образовни, етички, здравствени, социјални и културни навики, кои значителносе разликуваат во Европа.
Втемелена во 2011 година, Европската и Регионална стратегија за сексуалното и репродуктивно задравје на Светската здравствена организација, постигна напредок во националните зравствени политики, особено воразвојот на превентивните мерки за небезбеден абортус и со воведување на сексуалното и репродуктивно здравје во националните агенди. Сепак, неколку предизвици сеуште остануваат да бидат решени:
Неодамнешниот извештај за адолесцетно здравје и благосостојба од страна на Лансет комисиската група (мај, 2016), откри дека сексуалното здравје и сексуално преносливите инфекции остануваат значаен јавно-здравствен проблем во Европа;
Две третини од младите луѓе растат во земји кадешто здравствените проблеми кои може да се спречат и да се лекуваат како што се небезбеден секс, сексуално преносливи ифекции, несакана бременост, повреди, насилство и депресија се постојана закана за нивниот развој и благосостојба.
Тековните регионални консултации за развој на Европскиот акциски план за сексуално и репродуктивно здравје и права (СРЗП) 2017-2021, ја нагласуваат важноста од инвестирање во сеопфатно и соодветно сексуално образование на децата, достапно за сите возрасни групи. Тие, исто така, ја нагласуваат потребата од вклучување на децата и адолесцентите како и нивните родители, преку Европската политичка стратегија што ги опфаќа важноста на сексуалното и репродуктивното здравје и правата (СРЗП), особено за ранливите групи како што се ЛГБТ-те и бегалците. Акцискиот план, исто така, ја истакнува клучната улога на здравствените работници во остварувањето на инклузивен, високо квалитетен превентивен систем за заштита на сексуалното здравје.
Извор: Public Policy Exchange Ltd Registered in England & Wales, № 7350384
Изготвил:Бранка Крстев, дипл. социјален работник
|