PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 937 |
Посети (овој месец): | 937 |
Посети (оваа година): | 937 |
Посети (вкупно): | 1477966 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ И РИЗИКОТ ОД ПУШЕЊЕ
Од веќе спроведени истражувања произлегуваат докази дека пушењето е поврзано со различни развојни и ментални растројства кои ги напаѓаат адолесцентите и младите луѓе.
Доказите на располагање укажуваат на менталните растројства на здравјето како што се шизофренија, анксиозност и депресија и на развојните растројства како што се растројството на хиперактивност со дефицит на внимание (ADHD, attention deficit hyperactivity disorder) и растројствата во однесувањето. Компликација во толкувањето на доказите е временската поврзаност на пушењето со различните растројства: т.е. дали менталните растројства на здравјето го зголемуваат ризикот за започнување со пушење или пушењето го зголемува ризикот за ментални растројства на здравјето? Исто така, постои можност дека пушењето и растројството на менталното здравје се поврзани преку заедничка предиспозиција, било да е генетска или под влијание на животната средина. Кохортните истражувања, т.е. лонгитудиналните студии, се неопходни за да се дојде до заклучок во врска со временската поврзаност помеѓу менталното здравје и развојните растројства и пушењето.
Октомври 2019
Извор: US National Library of Medicine National Institutes of Health
|