PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 803 |
Посети (овој месец): | 803 |
Посети (оваа година): | 803 |
Посети (вкупно): | 1477832 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
ВАКЦИНИРАЊЕТО Е ЕДИНСТВЕН И НАЈСИГУРЕН НАЧИН НА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ГРИП
Грип е заболување кое го предизвикува вирусот на инфлуенца и ги зафаќа горните дишни патишта: нос и грло, а во потешките форми и долните дишни патишта – бронхиите. Секоја година со вирусот на грип се заразуваат од 5% до 15% од населението. Кај поголем дел од луѓето, грипот проаѓа како релативно лесно заболување, но одредени лица се изложени на поголем ризик за сериозни компликации кои може да доведат до потреба за болничко лекување, а во некои случаи и до смрт.
Освен категориите на луѓе кои се под поголем ризик за компликации (возрасните лица над 65 години, бремени жени, деца возраст од 6 месеци до 5 години и лица со хронични болести), исто така, во голем ризик од заболување од сезонски грип се и сите оние лица, без разлика на возраст, чии работни места бараат контакти со многу лица, а со самото тоа и голема изложеност на заразување со сезонски грип.
Бенефитот од вакцинацијата е пред се во личната заштита од разболување од тешки форми на грип и добивање на компликации кои може да бидат и фатални, како и спречување на заразување на членови од блиското семејство (деца, стари лица).
Пикот на заболувањето се очекува во периодот јануари/февруари 2020 година, така што сега е соодветен момент за вакцинација како би се создал имунитет во тек на следните 10- 15 дена.
Вакцината е четиритипна т.е. содржи два типа на А инфлуенца вирус и два типа на Б инфлуенца вирус за кои се предвидува дека ќе циркулираат оваа сезона.
Цената на поединечна доза изнесува 650,00 мкд.
Вакцинацијата се изведува во просториите на ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје (стара Пролет амбуланта) од 07,00 – 18,00 часот од понеделник до петок и од 07,00-14,00 часот во сабота.
Вакцинацијата, ако се работи за колектив, во зависност од интересот, наша медицинска екипа може да ја изведе кај Вас.
Одделение за епидемиологија
|