PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 813 |
Посети (овој месец): | 813 |
Посети (оваа година): | 813 |
Посети (вкупно): | 1477842 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
СЗО, Иницијатива на Европската лабораторија, European Laboratory Initiative, ELI, за туберкулоза, ТБ, ХИВ и вирусен хепатит Ц: промовира подобра интеграција за тестирање и дијагностицирање на ТБ, ХИВ и хепатит Ц.
Време е за интегрирани услуги за ХИВ, ТБ и Вирусен хепатит насочени кон населението
Меѓународното медицинско списание, издаде напис прикажувајќи ја користа од интегрираните услуги насочени кон народот при одговор на порастот на ХИВ, туберкулоза и вирусен хепатит во земјите во источна Европа и централна Азија вклучени во Европскиот регион на СЗО.
Да обезбедиме навремена детекција за да спасиме живот
„Во нашиот Регион“, вели коавторот Д-р Масоуд Дара, Координатор за Заразни заболувања, во Одделот за Итни Случаи и Заразни заболувања, СЗО/Европа, повеќе од половина од лицата со ХИВ доцна се дијагностицирани и 1 од 5 не го познава својот статус.Потребно е повеќе да се направи, тестирањето да се доближи до населението, за да се подобри раното и точно дијагностицирање на ХИВ, но, исто така, и на вирусниот хепатит, сé одеднаш.“
Иако Регионот работи многу кога се работи за откривање на пациенти со ТБ, достигајќи стапка на детекција од 84%, сеуште има место за подобрување.
Неопходно е луѓето да се тестираат бргу за да се открие кое лекување ќе биде делотворно.
Истовремената инфекција со ХИВ и ТБ или хепатит Ц вирусот е во пораст во источно-европските и централно-азиските земји.
Во повеќето од овие земји, програми кои се однесуваат на трите болести, вклучително и услугите за дијагноза, се посебни вертикални структури.
Авторите во статијата ги разгледуваат причините за оваа слаба поврзаност на услугите, покажуваат примери на добра пракса и предлагаат постапки за да се одговори на предизвиците.
Јануари, 2020
Извор: http://www.euro.who.int/
Подготвил: Прим. д-р сци. Весна Спирова, спец. по социјална медицина
|