PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 910 |
Посети (овој месец): | 910 |
Посети (оваа година): | 910 |
Посети (вкупно): | 1477939 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
СВЕТСКИ ДЕН НА ХЕПАТИТ, 2021 ГОДИНА
ХЕПАТИТОТ НЕМОЖЕ ДА ЧЕКА
28 Јули, 2021 година |
Светскиот ден на хепатитис се одбележува секоја година на 28 јули за да се подигне свеста за вирусниот хепатит - инфекција на црниот дроб, кој кога е хроничен, може да предизвика сериозно заболување и рак на црниот дроб.
„Хепатитот неможе да чека“eтема за оваа година со што се пренесува итноста на напорите кои се потребни да се превземат со цел да се елиминира хепатитисот како закана за јавното здравје до 2030 година. На светско ниво на секои 30 секунди едно лице умира од болест поврзана со хепатитис - дури и во сегашната КОВИД 19 криза - треба да дејствуваме на вирусниот хепатитис.
Според новите проценки на СЗО, на глобално ниво, 354 милиони луѓе живеат со хроничен хепатитис Б и Ц, кои влијаат на 14 милиони луѓе и се една од основните причини за цироза и рак на црниот дроб. Овие состојби доведуваат до над 107 000 смртни случаи секоја година во Европскиот регионот, што може да се спречи со вакцинација на сите доенчиња против хепатитис Б и со навремено тестирање и лекување на инфекциите од хепатитис Б и хепатит Ц.
Целта на кампањата за Денот на хепатитис е:
- охрабрувајте ги луѓето да пристапат до услуги за превенција, тестирање и лекување на хепатитис; и
- повикајте ги регионалните и националните лидери и креаторите на политики да го забрзааат одговорот на хепатитисот за да се постигне елиминација до 2030 година.
ИЗВОР: https://www.euro.who.int/
|