PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 819 |
Посети (овој месец): | 819 |
Посети (оваа година): | 819 |
Посети (вкупно): | 1477848 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
2021: Меѓународна година на Здравствените работници и работниците за грижа и нега
01 Јануари - 31 Декември 2021
СЗО ја назначи 2021 година Меѓународна година на здравствените работници и работниците за нега и грижа (YHCW) во знак на признание за нивната посветеност во обезбедувањето грижа за време и во тек на пандемија со COVID-19, која ги предизвика и здравствените системи ширум светот.
Здравствените работници и работниците за нега и грижа,ги вклучуваат сите оние кои се ангажирани вообезбедување на здравствените услуги, јавното здравје и сродни области, како и оние што даваат поддршка за овие активности. Оваа разновидна категорија работници опфаќа здравствени работници како што се: лекари, медицински сестри, акушерки, фармацевти и физиотерапевти, но и сродни здравствени професионалци, како што се професионалци за ментално здравје, работници за социјална заштита, здравствени работници за заштита при работа, радиолози, лабораториски работници и други.
За време на 73-то Светско здравствено собрание, земјите-членки разговарале за критичната улога на здравствените работници и работниците за нега и грижа во обезбедувањето на здравјето и благосостојбата на поединците и заедниците. Земјите-членки нагласиле дека пандемијата COVID-19 илустрира - зошто сите здравствени работниции работниците за нега и грижа се од клучно значење за итните здравствени реакции и за подготвеност и отпорност на здравствениот систем.
Инвестирање во здравствени работници и работниците за нега и грижа-нивно образование, благосостојба и праведена исплата
Вработувањата во здравстото делуваат како поттик за економијата и мултипликатор на економскиот раст, што значи дека инвестирањето во здравствената работна сила носи корист за целото општество.
Здравствениот и социјалниот сектор е главен работодавач на жени и претставува важна област за инвестирање за родова еднаквост. Еден од десет работници во земјите-членки на Организацијата за економска соработка и развој е ангажиран во здравствениот сектор, а три четвртини од овие работници се жени.
Комисијата за вработување во здравството и економски раст на високо ниво, исто така, проценува дека инвестициите за вработување во здравството може да резултираат со
9-пати поврат на инвестицијата и раст до 4% на бруто домашниот производ (БДП).
Меѓународна година на здравствените работници и работниците за нега и грижа(YHCW) е можност да се сврти вниманието кон потребата за поголеми инвестиции во подготвеноста, едукацијата и учењето на зрдавствените работници за управување со пандемијата и нејзините последици и за воведување на вакцината за СОVID-19.
Надвор од COVID-19, потребни се инвестиции и во способноста на здравствените работници да обезбедат примарна здравствена заштита, да управуваат со незаразни болести и да обезбедат услуги за ментално здравје, здравствена заштита на мајките и децата, долгорочна нега и палијативна нега.
Инвестициите во образованието, континуираниот професионален развој, благосотојбатаи безбедноста при работа во сите овие области се важни предуслови за задржување и привлекување на здравствени работници и работниците за грижа и нега. Без да се направи пат во кариерата на зравствените работници и работниците за грижа и нега да биде посакуван и поддржан, земјите ќе се борат да привлечат новодојденци, вклучително и во руралните областиили да напредуваат кон универзално здравствено покривање и посилни, поиздржливи здравствени системи.
Здравствените работници и работници за нега и грижа заслужуваат конкретна акција
Надвор од дарувањето на пофалби и аплаузи, Меѓународна година на здравствените работници и работниците за нега и грижа(YHCW) има за цел да ги поттикне земјите да се соочат и да бидат доследни во предизвиците поврзани со здравствените работниции работниците за нега и грижа.
Здравјето и благосостојбата наздравствените работници и работниците за нега и грижа отсекогаш биле важни, но сега се уште поважни. Бидејќи општествата се борат со последиците од продолжениот стрес и притисок врз здравствените работници и работниците за нега и грижа, важно е земјите -членки да преземат конкретни чекори за да ги задоволат нивните потреби.
Во текот на целата година, СЗО/Европаво соработка со партнерите ќе работи за да покаже благодарност кон работната сила посветена на здравјето и грижата на другите и да се залага за усогласени напори за да:
- се подобрат условите за работа,
- да се инвестираат во нивното образование,
- да ги прошират своите улоги и
- да го заштита нивното здравје и благосостојба.
СЗО, исто така, го свртува вниманието кон зголемениот обем на меѓународна миграција на здравствените работници, особено од земјите со ниски примања со кревки здравствени системи и потребата за зајакната имплементација на СЗО Глобалниот кодекс на практика за меѓународно вработување на здравствен персонал.
Здравствените работници и работници за негаи грижа се суштински придонесувачи за унапредување на основните приоритети на Европската програма за работа. Нивните одговорности во работењето кон универзално здравствено покривање, заштитата на повеќе луѓе од итни здравствени случаи и промоција на здравје и благосостојба за сите возрасти мора да се признаат не само со пофалби, туку и со опипливи мерки.
Извор:https://www.euro.who.int/
Подготвил: Бранка Крстев, дипл. соц. работник/ Одделение за социјана медицина
|