PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 835 |
Посети (овој месец): | 835 |
Посети (оваа година): | 835 |
Посети (вкупно): | 1477864 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ COVID-19 КАКО УЛТИМАТИВЕН НАЧИН ЗА ЗАШТИТА НА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ ВО ТЕК НА ПАНДЕМИЈА
Пристапот кон безбедна и ефективна вакцина е основен начин во борбата против пандемијата на COVID-19. Од таа причина, вакцините се најзначајниот начин за постигнување на целта. Вакцинацијата, како метод, е намената да го заштити населението глобално, почнувајќи од највулнерабилните групи, но и до населението во целост, во вид на обезбедување на широк пристап кон вакцините за светската популација.
На Сесијата 76 на Генералното Собрание на Обединетите Нации (ОН/UN), одржана на 17 Септември 2021 година, Светската Здравствена Организација (СЗО/WHO) ја акцентира важноста од глобален пристап кон вакцината против COVID-19, како и потребата од поддршка на спремноста за одговор против пандемиите во иднина. Потенциран е фактот дека пандемијата на COVID-19 веќе одзема околу 5 000 000 човечки животи на светско ниво. Од таа причина, констатирано е дека борбата против вирусот треба да ја има вакцинацијата како ултимативен метод. До тековниот период, аплицирани биле 5 700 000 000 дози на вакцина глобално, со акцентирање на фактот дека е потребна континуирана поддршка за тенденцијата на сеопфатен пристап кон вакцината во сите светски региони. СЗО сугерира потребен опфат од 40% на глобално ниво во текот на 2021 година, и потребен опфат од 70% од светската популација до средината на 2022 година, како опфат од важност за реализација на ефикасна борба против пандемијата од COVID-19. Употребата на заштитни средства и начини (носење на маска, лична хигиена и дистанца) во тековниот период е, исто така, сугерирана како паралелно потребна.
Факт е дека ангажманот на светските здравствени авторитети заедно со националните здравствени власти има посебна важност во борбата против пандемијата глобално.
Безбедноста и ефективноста на вакцината против COVID-19, според Центарот за Контрола на Болести на Соединетите Американски Држави (CDC) се докажани со повеќе факти:
- вакцините се развиени со помош на повеќедецениски научно докажани процедури,
- не се експериментални,
- строго се мониторирани во секоја фаза од производството.
Ефективноста се состои од:
- спречувањето на инфекција и ширење на болеста,
- спречување на тешки и животозагрозувачки форми на болеста,
- заштита од инфекција кај луѓето во непосредната околина.
Наведените факти, добиени на глобално ниво како резултат на следење на состојбите со пандемијата од COVID-19 во периодот од појавата, тековниот период, како и предвидувањата за состојбите во наредниот период, укажувааат на апсолутната потреба од континуирана поддршка за вакцинација на населението (како повозрасно население, така и население со имунодефицитни состојби и хронични болести, и пошироката и помлада популација), како ултимативен пристап кон борбата против COVID-19.
Референци: www.who.int, www.cdc.gov
Изработил: Д-р Методи Манев / Одделение за социјална медицина
|