PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 806 |
Посети (овој месец): | 806 |
Посети (оваа година): | 806 |
Посети (вкупно): | 1477835 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Март-Mесец на рак на дебело црево
Март, месец за подигање на свеста
за ракот на дебелото црево, 2022 година
Колоректалниот карцином е трет најчест тип на рак во светот, во 2020 година, беа дијагностицирани речиси 2 милиони случаи. Тоа е втора најчеста причина за смрт од рак, што доведува до речиси 1 милион смртни случаи годишно. Ова е и покрај фактот што постојат ефективни скрининг техники кои би можеле да го намалат бројот на смртни случаи од оваа болест.
Месецот за подигање на свеста за колоректалниот карцином се одбележува во Март за да се нагласи важноста на скринингот за колоректален карцином, како и да се промовираат здрави животни навики кои можат да го намалат ризикот кај лицето за развој на рак на дебелото црево, ректумот или анусот - трите различни типови на рак, заеднички наречени колоректален карцином.
Истражувачите на IARC докажаа дека различни фактори можат да го зголемат или намалат ризикот кај една личност за развој на колоректален карцином. Повеќето од овие фактори, исто така, влијаат на ризикот од развој на други видови рак, на сличен начин зголемувајќи го или намалувајќи го.
На пример, консумирањето алкохол е одговорно за повеќе од 160 000 нови случаи на колоректален карцином во 2020 година, или 8% од сите случаи на болеста дијагностицирани таа година.
Друг фактор кој го зголемува ризикот од развој на колоректален карцином е дебелината. Дебелината е одговорна за повеќе од 85.000 случаи на рак на дебелото црево и 25.000 случаи на ректален карцином дијагностицирани во 2012 година, или околу 23% од сите случаи на колоректален карцином дијагностицирани таа година. Дебелината, исто така, го зголемува ризикот на лицето да развие најмалку седум други видови на рак.
Намерното губење на тежината, физичката активност и диетите богати со риба, овошје и зеленчук може да го намалат ризикот кај лицето за развој на колоректален карцином. Присуството на организиран скрининг каков што има и во нашата држава ја зголемува шансата за откривање на колоректален карцином кога тој е во порана и лекувачка фаза.
Подготвил: Бранка Крстев, Дипл. соц. работник/ Одделение за социјалнa медицина, Март, 2022 година
Извор:https://www.iarc.who.int/featured-news/colorectal-cancer-awareness-month-2022/
|