PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 832 |
Посети (овој месец): | 832 |
Посети (оваа година): | 832 |
Посети (вкупно): | 1477861 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Светски ден на здравјето 2022
Нашата планета, нашето здравје
Нашето здравје и здравјето на нашата планета се нераскинливо поврзани, а потребата да се фокусираме на создавање здрави општества, на здрава планета станува се поочигледна.Темата на Светскиот ден на здравјето во 2022 година се фокусира на оваа врска помеѓу здравјето на нашата планета и здравјето на луѓето, животните, растенијата - сите живи суштества.
Во согласност со пристапот „Едно здравје“, кој ја нагласува зависноста на здравјето на животните, луѓето и животната средина, кампања на СЗО/Европа оваа година ги промовира пораките и активностите кои покажуваат како индивидуалните избори и социјалното однесување влијаат на нашата животна средина.
Додека луѓето придонесуваат за деградација на животната средина со неодржливи модели на однесување, ние можеме и мораме да бидеме дел од решението кога станува збор за решавање на единствената најголема здравствена закана со која се соочува човештвото - климатската криза.
Сè е меѓусебно поврзано: проблемите, решенијата и ние
Зголемените температури, поплавите и екстремните врнежи се начините на кои климатските промени влијаат врз животите на милиони луѓе во Европскиот регион на СЗО. Во исто време, други закани по здравјето предизвикани од човекот, како што се загадувањето на воздухот, деградацијата на екосистемот и производството и потрошувачката на тутун, ја влошуваат штетата на нашата планета. Ова се теми кои ќе бидат истражени заедно со иницијативите што се спроведуваат во градовите низ регионот.
СЗО/Европа ги повикува сите повторно да замислат свет каде чист воздух, вода и храна се достапни за сите, каде економиите се фокусирани на планетарното и човековото здравје и благосостојба, и каде што создаваат здрави градови, села и заедници.
Подготвил: Бранка Крстев, дипл. соц. работник/ Одделение за социјалнa медицина,
Април, 2022 година
|