PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 1852 |
Посети (овој месец): | 38767 |
Посети (оваа година): | 479146 |
Посети (вкупно): | 1472688 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
14 Ноември Светски ден на дијабетесот
На глобално ниво, околу 422 милиони возрасни лица живееле со дијабетес во 2014 година, во споредба со 108 милиони во 1980 година. Глобалната преваленца на дијабетес е речиси двојно зголемена од 1980 година, од 4,7 oтсто на 8,5 отсто кај возрасната популација. Еден од факторите
на ризик се прекумерната тежина или дебелина. Во текот на изминатата деценија, преваленцата на дијабетес се зголемила побрзо во земјите со низок и среден приход отколку во земјите со високи приходи.
Дијабетесот е главна причина за слепило, откажување на бубрезите, срцев удар, мозочен удар и ампутација на долните екстремитети. Здравата исхрана, физичката активност и избегнувањето на употребата на тутун може да го спречат или одложат дијабетесот тип 2. Дијабетесот може да се третира и неговите последици да се избегнат или одложат со лекови и редовен скрининг.
Во 2007 година Генералното собрание ја усвои резолуцијата 61/225 со која го прогласи 14 ноември како Светски ден на дијабетесот. Документот ја препозна „итната потреба за продолжување на мултилатералните напори за промовирање и подобрување на здравјето на луѓето и обезбедување пристап до третман и образование за здравствена заштита“.
Мотото за Светскиот ден на дијабетесот од 2021 до 2023 година е - Пристап до грижа за дијабетес. 100 години по откривањето на инсулинот, милиони луѓе со дијабетес ширум светот не можат да пристапат до потребната нега. На луѓето со дијабетес им е потребна постојана грижа и поддршка за да се справат со нивната состојба и да се избегнат компликации.
Стогодишнината од откривањето на инсулинот претставува единствена можност да се донесат значајни промени за повеќе од 460 милиони луѓе кои живеат со дијабетес и за милионите повеќе изложени на ризик.
Дијабетесот е хронична болест, која се јавува кога панкреасот не произведува доволно инсулин или кога телото не може ефикасно да го користи инсулинот што го произведува. Ова доведува до зголемена концентрација на гликоза во крвта (хипергликемија).
Дијабетесот тип 1 се карактеризира со недостаток на производство на инсулин. Дијабетесот тип 2 е предизвикан од неефикасната употреба на инсулин од телото. Често произлегува од прекумерна телесна тежина и физичка неактивност.
Гестацискиот дијабетес е хипергликемија која првпат се препознава за време на бременоста.
Ноември 2022 година
Подготвил: Вјолца Бериша, дипл. проф. по одделенска настава/
Одделение за социјална медицина
Извор: https://www.un.org/en/observances/diabetes-day
Пристапено на 11.11.2022
|