PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 104 |
Visits (this month): | 9286 |
Visits (this year): | 119309 |
Visits (total): | 1112851 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Cervical Cancer Awareness
ПРЕВЕНЦИЈА НА РАК НА ГРЛО НА МАТКА
Ракот на грло на матка некогаш беше водечки причинител за смртност меѓу жените. Тоа се смени од кога ПАП тестот стана широко достапен. Овој тест се спроведува со цел откривање на евентуални предканцерогени промени на грлото на матката. Гинеколозите советуваат секоја жена барем еднаш годишно да направи ПАП тест бидејќи само преку овие тестови може да се откријат какви било промени на грлото на матката.
Констатирано е дека ракот на грлото на матката е четврт најчест вид на карцином меѓу жените во светот. Годишно се дијагностицира кај околу 570.000 жени, а во просек со оваа болест не можат да се изборат 311.000 лица.
СЗО покрена „Програма за отстранувањето на ракот на грлото на матката“ ширум светот со одлуката донесена на Светското здравствено собрание со цел превенција на ракот на грлото на матката.
Од Организацијата која вбројува 194 члена, истакнато е дека програмата е историска пресвртница бидејќи тоа е прв пат државите да се обврзат да го искоренат овој вид на рак. Нагласија дека, карциномот на грлото на матката, меѓу луѓето познат како цервикс, е една од „болестите која може да се спречи и излечи", доколку рано се дијагностицира и адекватно се лекува.
Од СЗО предупредуваат, дека, доколку не се воведат нови мерки, до 2030 година годишниот број на случаи на ракот на грлото на матката ќе се зголеми на 700.000, а годишниот број на починати на 400.000, особено во земјите со ниски и средни приходи.
Изготвил: Мирвете Бафтија дипл.социјален работник, Одд. социјална медицина
Извор: https://www.aa.com.tr/mk/
|