PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 1236 |
Visits (this month): | 39805 |
Visits (this year): | 422801 |
Visits (total): | 1416344 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Европска недела за превенција на рак на грлото на матката 2023 година
Ракот на грлото на матката е еден од ретките типови на рак што може речиси целосно да се спречи. Огромното мнозинство на случаи на рак на грлото на матката (99%) се поврзани со инфекција со високо ризични (канцерогени) типови на хуман папиломавирус (ХПВ), исклучително чест вирус кој се пренесува преку сексуален контакт.
Што е рак на грлото на матката?
Ракот на грлото на матката започнува кога клетките на грлото на матката почнуваат да растат неконтролирано. Грлото на матката е долниот дел од матката што го поврзува телото на матката со вагината. Речиси сите видови од овој тип на карцином се поврзани со инфекција со хуманиот папилома вирус (ХПВ). Вакцината за ХПВ го спречува неговото настанување.. Ракот на грлото на матката може да се спречи, лекува и излечи.
Кои се знаците и симптомите на ракот на грлото на матката?
· неправилно или постменопаузално крварење
· · зголемен вагинален исцедок
· · потешки симптоми може да се појават во напредна фаза
*Абнормалното крварење не значи дека имате рак на грлото на матката, но треба да го посетите вашиот лекар што е можно поскоро.
Достапни се ефективни примарни интервенции (вакцинација против ХПВ) и секундарни интервенции за спречување на рак на грлото на матката и веќе се имплементирани во многу земји.
Од суштинско значење за спречување на овој вид карцином е ХПВ вакцината, која треба да се прими во период от пред започнување со сексуални односи. За да се спречи пренесување на вирусот за време на сексуален чин, како метод за заштита се препорачува употреба на кондом.
Вакцинацијата, скринингот, третманот и палијативната нега се клучните интервенции на Нацрт глобалната стратегија на СЗО за елиминација на ракот на грлото на матката како јавно здравствен проблем, четвртиот најчест карцином кај жените. На Светската недела на ракот, новите проценки покажуваат дека оваа стратегија би можела да спаси повеќе од 62 милиони девојчиња и жени од смрт од рак на грлото на матката и да спречи 74 милиони случаи во следните 100 години, но само ако овие интервенции ефикасно се користат заедно. Ниту една интервенција поединечно не може да го елиминира ракот на грлото на матката.
Изготвил: Одделение за социјална медицина
|