PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 701 |
Visits (this month): | 10824 |
Visits (this year): | 347256 |
Visits (total): | 1340798 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Карцином на грло на матка - Carcinoma cervicis uteri
Kaрциномот на грлото на матката е најчестиот малигнен тумор на гениталниот тракт. Најчесто се јавува кај жените меѓу 35 и 50 години старост, иако не е редок и кај помладите, односно постарите жени. Најчест е кај жената во полна животна сила, кога тие се најпродуктивни за опшеството и семејството.
Human papillomavirus – от e најчесто обвинуван за појавата, причината на карциномот на грлото на матката.
Од рак на грлото на матката почесто заболуваат жените кои рано почнале со сексуални односи, рано се мажат, жени со повеќе бракови, жени кои боледуваат од сексуално преносливи болести, жени кои имале сексуален однос со партнери кои немаат извршено циркумсцизија, жени кои често менуваат партнери (промискуитет), проститутки, жени кои слабо, лошо или никако не ја одржуваат личната хигиена.
Симптоми кои треба да ја предупредат жената дека нешто не е во ред:
Þ Почетен симптом е наголемен, нечист исцедок, кој е речиси секогаш измешан со крв.
Þ Контактни крварења (крварење по сексуланиот однос, при напнување поради тврда столица, по испирање на вагината).
Þ Болката секогаш е задоцнет симптом и локализацијата е во долниот дел на абдоменот и во крстот (таа настапува дури во вториот стадиум на болеста, кога карциномот се проширил).
Рана дијагноза на карцином на грло на матка.
Жената, покрај сите биолошки оптоварувања со кои природата ја “надарила” и обврзала (менструации, бременост, раѓање, доење), сепак анатомијата и топографијата на нејзините генитални органи (едноставниот, безболен пристап до грлото на матката), ја чини “повластена” во можноста за раното откривање на ракот на грлото на матката, а што не е случај со другите локализации на ракот на гениталните органи и воопшто во организмот. ЗАТОА, ТАА ПРЕДНОСТ ЖЕНАТА ТРЕБА СЕКОГАШ ДА ЈА КОРИСТИ, НАЈРАЦИОНАЛНО, со што може да се спасат МНОГУ, МНОГУ женски животи и да им се продолжи животниот век, САМО СО ЕДЕН ОБИЧЕН ПРЕГЛЕД И ЗЕМАЊЕ НА БРИС. Со дoбра организација на здравствената служба и здравствено образование на жените може да се постигне многу во борбата против тој карцином. Доколку жената доаѓа на гинеколошки преглед редовно, двапати годишно, карциномот може да се открие во најраната т.н. претклиничка фаза, кога излекувањето е стопроцентно.
Извор: Стручно-медицинска литература, “Гинекологија и акушерство” – Д-р Глигор Палчевски, Скопје, април 1997 година, Просветно дело.
|