PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 889 |
Visits (this month): | 18714 |
Visits (this year): | 128737 |
Visits (total): | 1122279 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Европски кодекс против ракот
12 начини за да го намалите вашиот ризик од рак
- Не пушете. Не користете тутун во било кој облик.
- Направете го вашиот дом место на кое не се пуши. Поддржете ги политиките против пушењето на вашето работно место.
- Преземете активности за да имате здрава телесна тежина.
- Бидете физички активни во секојдневниот живот. Ограничете го времето кое го минувате седејќи.
- Имајте здрава исхрана:
• Јадете многу жито во облик на цели зрна, мешункаста храна како грав и леќа, зеленчук и овошје.
• Ограничете ја високо-калоричната храна (храна богата со шеќер или масти) и избегнувајте зашеќерени пијалаци.
• Избегнувајте преработувачки од месо; ограничете ја употребата на црвеното месо и на храната богата со сол.
- Ако пиете алкохол од било кој тип, ограничете го внесот. Да не се пие алкохол е подобро за превенција на ракот.
- Избегнувајте премногу сонце, особено за децата. Користете заштита од сонце. Не користете лежалки.
- На работното место, заштитете се себе си од супстанции кои предизвикуваат рак следејќи ги инструкциите за заштита на здравјето и безбедноста.
- Дознајте дали сте изложени на радијација од природно високо ниво на радон во вашиот дом. Преземете активности за намалување на високите нивоа на радон.
- За жените:
√ Доењето го намалува ризикот од рак на мајката. Ако можете дојте го вашето бебе.
√ Терапијата за надоместување на хормони (HRT) го зголемува ризикот од одредени видови на рак. Ограничете го користењето на HRT.
11. Уверете се дека вашите деца учествуваат во програмите за вакцинација против:
- Хепатит Б (за новороденчињата)
- Хуман папилома вирус (HPV) (за девојчињата).
12. Учествувајте во организираните скрининг програми за:
Рак на дебелото црево (мажи и жени)
Рак на дојка (жени)
Рак на грлото на матката (жени).
Европскиот кодекс против ракот се фокусира на активности кои граѓаните индивидуално можат да ги преземат за да си помогнат во превенција на ракот. Успешната превенција против ракот бара ваквите индивидуални активности да бидат поддржани од владините политики и активности.
Овие препораки се резултат на проект координиран од Меѓународната агенција за истражување на ракот и ко-финансиран од Европската комисија.
Подготвил: асс. м-р д-р Валентина Симоновска
прим. д-р сци. Весна Спирова
|