PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 0 |
Visits (this month): | 0 |
Visits (this year): | 382992 |
Visits (total): | 1376534 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Oвогодишната кампања на Светскиот ден на крводарителството, 14.06.2015,e со тема:
„Благодарам што ми го спаси животот“
- Околу 108 милиони единици дарувана крв се собира во светот секоја година;
- 50% од даруваната крв се собира во земјите со висок приход;
- Во земјите со низок приход до 65% од трансфузијата на крв се дава на деца под 5-годишна возраст;
- Во земјите со висок приход трансфузионата група на пациенти е над 65 годишна возраст.
Трансфузијата на крв спасува животи и го подобрува здравјето, но многу пациенти на кои им е потребна трансфузија немаат навремено пристап до безбедна крв. Потребата од крв може да се појави во било кое време во урбана или во рурална средина. Недостапноста до крв води до смрт и/или до болест.
Околу 108 милиони единици донирана крв се собираат глобално секоја година. Близу 50% од донираната крв се собира во земјите со висок приход каде живее помалку од 20% од населението во светот.
Доволно и сигурно снабдување со безбедна крв може да се обезбеди преку стабилна база од редовни, доброволни, неплатени крводарители. Редовните, доброволни, неплатени крводарители се најбезбедната група на дарители со најниска стапка на преваленца на заразни заболувања кои се пренесуваат по крвен пат.
10 факти поврзани со трансфузијата на крв
1. Трансфузијата на крв спасува животи и го подобрува здравјето;
2. Трансфузијата се користи за поддршка на различни начини на лекување;
3. Соодветна количина на безбедна крв може да се обезбеди само преку редовно доброволно, неплатено дарување;
4. 100% од резервите на крв во 60 земји доаѓаат од доброволни, неплатени дарувачи;
5. Секоја година се собираат околу 108 милиони единици дарувана крв;
6. Количината на дарувана крвво различни центри варира во зависност од нивото на приходот на групата;
7. Повеќе луѓе во земјите со висок приход даруваат крв во споредба со другите земји;
8. Даруваната крв секогаш треба да биде проверена;
9. Една единица крв може да им користи на повеќе пациенти;
10. Непотребната трансфузија го изложува пациентот на непотребен ризик.
Јуни2015
|