Известување за Матичните лекари од Примарната Здравствена Заштита
Почитувани колеги,
Ве известуваме дека по извршената контрола на пристигнатиот материјал во текот на првите три месеци од 2014 година, а кој се однесува на Индивидуалната пријава за дијабет - Образец МЗС --- 02, ги констатиравме следниве НЕДОСТАТОЦИ:
- 1.Испишаната дијагноза во Точка 10. (шифра-МКБ-10), многу често не го содржи четвртиот знак одшифрата на болеста, кој упатува на постоење на компликации;
- 2.Многу често Пријавата содржи шифра за дијагноза, која не одговара на возраста на пациентот, компликациите на болеста и времетраењето на болеста, или, за да е појасно ги изнесуваме следниве примери:
Пример број 1. Старост на пациентот - 71 година (роден 1943 година), поставена дијагноза Е10.0 (инсулин зависен дијабет) кој има дата на прво откривање на болеста - 1992 година (на 49 години), четврти знак од шифрата на болест - >0< (означува коматозна состојба), со исход на лекување - >подобрена состојба
Од овој пример можеме да заклучиме дека внесените податоци во Пријавата се целосно контрадикторни едни на други.
Пример број 2. Пријавата за пациентот има шифра на болест Е11.0, што значи дека пациентот е во состојба на дијабетична кома, а видот на лекување е означено како - >амбулантно-поликлиничко лекување<;
Пример број 3. Пријавата опишува дека пациентот е роден 1939 година, има Дијабет тип 2 потврден 1989 година, а во 2014 година нема компликации и има подобрена состојба.
Ве известуваме дека, во текот на пополнување на Пријавата треба да ги земете во обзир насоките кои ви се дадени на нашата интернет страна ЛИНК. Особено бараме да внимавате на посочените забелешки и со големо внимание, потполна точност и целосна одговорност да ја пополнувате, потврдувате и потпишувате/авторизирате секоја Пријава одделно.
Однапред Ви благодариме на понатамошната соработка.
Одделение за социјална медицина
Лице за контакт: асс. д-р спец. Валентина Симоновска,
Тел. 3298 667 л.167