Меѓународниот ден против злоупотреба на дрога и недозволена трговија или Светски ден против дрогата, се одбележува секоја година на 26 јуни, со цел да се зајакне акцијата и соработката, за постигнување свет без злоупотреба на дрога. Секоја година, поединци, цели заедници и различни организации ширум светот се придружуваат за да го одбележат Светскиот ден против дрогата за да помогнат да се подигне свеста за главниот проблем што недозволените дроги му го претставуваат на општеството.
Историја на Светскиот ден на крводарителството Светскиот ден на крводарителот се одржува на 14 јуни секоја година за да се прошири свеста за значењето на крводарителството и да се признае придонесот на доброволните крводарители во спасувањето животи.
Светски ден за борба против злоупотреба на детскиот труд се одбележува на 12 јуни, со цел да се спречи штетното влијание на работата врз развојот на децата ширум светот. Секоја здравствена криза предизвикува предвремено влегување во светот на работата за милиони деца од ранливите групи на глобално ниво. Според Меѓународната организација на трудот, 218 милиони деца на возраст од 5 до 17 години во моментов се економски активни во светот.
4 ЈУНИ, МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА НЕВИНИ ДЕЦАЖРТВИ НА АГРЕСИЈАЦелта на овој ден е да се оддаде признание на болката и страдањата што ги прежувуваат децата ширум светот - жртви на физичко, психичко и емоционално насилство. На овој ден Обединетите нации ја потврдуваат својата посветеност и обврзаност кон заштитата на правата на децата. Статистичките податоци во врска со многуте форми на злоупотреба на децата се загрижувачки: ● Преку 2 милиони деца се убиени во конфликти во последните две децении; ● Околу 10 милиони деца-бегалци се згрижени од страна на УНХЦР; ● Околу 80 илјади деца годишно умираат како резултат на насилство во семејствата….(1) Иако е тешко да се одреди точен број на деца војници, според УНИЦЕФ, околу 300 000 деца низ светот се деца војници. Ова не подразбира само деца на фронт кои имаат оружје во рака, туку и деца кои на било каков начин се условени да бидаат дел од воени организации..
Во последните децении на минатиот век, бројни научни студии ги испитувале здравствените ефекти од пушењето, чадот од тутун, тутунот и производите од тутун и го потврдиле фактот дека пушењето е водечкиот ризик-фактор што може да се превенира (даспречи) појава на болести и прерана смрт. Последиците од пушењето влијаат не само на здравјето на луѓето, предизвикувајќи разни болести кои го намалуваат квалитетот на животот и доведуваат до прерана смрт, туку и на социо-економските можности на секојдневниот живот. Намалениот работен капацитет, отсуството од работа, зголемените трошоци за здравствена заштита (третман и рехабилитација) се голем економски товар за секоја заедница.
На 15 мај, од 1994 година, се обележува Светскиот ден на семејствата, свеста за важноста на семејствата и семејните вредности. Семејството е чудо на природата. Тоа претставува најважна работа на светот. Овогодишнaтa тема на Интернационалниот ден на семејството гласи : „Семејството и урбанизацијата“ Урбанизацијата е еден од најважните мегатрендови кои го обликуваат нашиот свет, и животот и благосостојбата на семејствата ширум светот. Одржливата урбанизацијата е поврзана со постигнување на неколку цели и цели за одржлив развој (СДГе), како што се: СДГ1 (Искоренување на сиромаштијата); СДГ3 (Добро здравје и благосостојба); СДГ11 (Направете градови и човечки населби инклузивни, безбедни, еластични, одржливи); СДГ10 (Намалете ја нееднаквоста во и меѓу земјите). Сите горенаведени цели зависат од тоа како урбанизацијата ќе биде управувана во корист на семејствата и подобрување на благосостојбата на сите генерации кои живеат во градовите.
МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ
12- ти мај се одбележува како Меѓународен ден на медицинските сестри ширум светот во чест на услугите на медицинските сестри. Тоа е годишнина од раѓањето на Флоренс Најтингел, англискиот социјален реформатор, статистичар и основач на модерното сестринство. Темата за овогодинешниот Ден на медицинските сестри е „Медицински сестри: Глас за водство - Инвестирајте во медицинската сестра и почитувајте ги правата за да се обезбеди глобално здравје“. Меѓународниот совет на медицински сестри (International Council of Nurses, ICN) е првата и најширока меѓународна организација во светот за здравствени работници со седиште во Женева, Швајцарија. Таа федерација на национални здруженија на медицинските сестри во повеќе од 130 земји работи на поставување на стандардизирана квалитетна здравствена (сестринска) нега за сите и праведна здравствена политика на глобално ниво.
|