Македонски (Macedonian)Shqip (Albanian)English (United Kingdom)

sida

Sovetuv SZR

Sovetuv SZR

MZZ
FZOM
DZS
szo
ijz

Attendance


Visits today:131
Visits (this month):3085
Visits (this year):6936
Visits (total):134485

Повратни информации

Почитувани,

Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk

word-icon-256x256word-icon-256x256

Известување

word-icon-256x256

Здравствена едукација јули/септ 2015г

Здравствена едукација спроведена од отсекот за здравствено воспитание, промоција на здравјето, на подрачјето што го покрива Центарот за јавно здравје Скопје – јули, август, септември 2015 година

3kvartal

 

Во третиот квартал 2015 година преку Отсекот за промоција на здравјето се спроведени активности во врска со здравствената едукација на населението на подрачјето што го покрива Центарот за јавно здравје Скопје, согласно:

Националната годишна програма за јавно здравје за 2015 годинана  Министерството за здравство во Р. Македонија,

Работниот план на Одделението за Социјална медицина при Центарот за јавно здравје - Скопје,

Барањата за спроведување на здравствена едукација од општините и други установи.

Во третото тримесечје 2015 година Одделението за социјална медицина преку Отсекот за промоција на здравјето ги  опфати вулнерабилните групи на населението на подрачјето што го покрива Центарот за јавно здравје Скопје.

За таа цел беа одржани вкупно 292 едукативни предавања вон ЦЈЗСкопје и тоа во: предучилишни установи (6), основни училишта (94), средни училишта (112) и во установа за згрижување на стари лица (1).

Во ЦЈЗ Скопје во Советувалиштето за сексуално и репродуктивно здравје се одржани 15 предавања, во Советувалиштето за откажување од пушење 4 предавања.

Исто така, во ЦЈЗ Скопје беа спроведени Обуки за основни знаења за безбедност на храната на кои беа реализирани 60 предавања. Предавањата за основни знаења за безбедност на храната беа одржани со учество на стручниот кадар од сите одделенија на ЦЈЗ Скопје (специјалисти од областа на превентивната медицина, општи доктори и инженер броматолог).

Во текот на третиот квартал 2015 година вон и во ЦЈЗ Скопје вкупно беа опфатени 4180 лица со предавања, трибини, обуки и индивидуална едукација.

I.Здравствена едукација на предучилишни деца

Во општина Центар во јавната детска градинка, “Раде Јовчевски Корчагин” беа посетени 87 предучилишни деца во следните пунктови: “Палешка”, ”Пепелашка” и ”Пинокио” при што се одржани шест предавање за лична хигиена и за редовни физички активности на децата како здравствен бенефит за нивното здравје

1s

ЈУДГ “Р.Ј. Корчагин“, пункт, ,,Палешка”, о. Центар

 

2s3s

ЈУДГ “Р.Ј. Корчагин“, пункт,,,Пепелашка”ипункт ,,Пинокио”, о. Центар

II. Здравствена едукација на ученици во основните  училишта

4s

О.У. Дитурија“ - о.Сарај

5s

О.У. “АлександарУрдаревски“-о.ЧучерСандево

6s

О.У. “КирилиМетодиј“ -о.ЧучерСандево

Во основните училишта беа одржани вкупно 94 предавања со опфат на 2181 ученик. Предавањата беа одржани во општините Арачиново, Чучер Сандево, Сарај, Студеничани и Аеродром во следните училишта:

                  О.У. Браќа Миладиновци

                  О.У. Наим Фрашери

                  П О.У. “Наим Фрашери” во с. Моране

                  О.У. “М.К. Ататурк”

                  П О.У. “М.К. Ататурк” во с. Горно Количани

                  О. У. Дитурија”

                  О.У. Александар Урдаревски”

                  О.У. “Кирил и Методиј”

                  О.У. ”Ѓ.К. Скендербеу”

Во споменатите училишта предавањата беа одржани  наследните теми:

      Лична хигиена

      Превенција од небезбедна вода за пиење

      Исхрана – Здрави училишни оброци

      Здравствен бенефит од редовни физички активности

      Болести на зависност (алкохолизам, наркоманија и пушење)

III. Здравствена едукација на ученици во средните училишта

  

Во третиот квартал 2015 година Одделението за социјална медицина започна со реализација на активностите за промоција на здравјето во средните училишта. 50 ученици од СУГС ,,Владо Тасевски од општина Аеродром го посетија Советувалиштето за сексуално и репродуктивно здравје при ЦЈЗ Скопје.

Во СУГС ,,Васил Антевски Дрен во општина Кисела Вода беа одржани 112 предавања со опфат на 1800 ученици. Предавњата беа одржани на следните теми:

                                                      Сексуално преносливи инфекции;

                                                      Здравствени ризици од неправилна исхрана на учениците;

7s

8s

СУГСВасилАнтевскиДрен- о.КиселаВода

 

IV.Одржани трибини во основните и средни училишта

Во третиот квартал 2015 година одржани се 2 трибини во општина Кисела Вода и во општина Студеничани и тоа во следните училишта:

                  СУГС Васил Антевски Дрен

                  О.У.Наим Фрашери

Беа одржани предавања со интерактивно учество на учениците на следните теми: Сексуално-преносливи инфекции и Болести на зависност.

На предавњата беа поделени 280 примероци на брошури и флаери, изготвени од Отсекот за промоција на здравјето.

V.Во состав на Одделението по социјална медицина функционираат две Советувалишта :

 

-Советувалиште за сексуално и репродуктивно здравје и

-Советувалиште за откажување од пушење.

Во третото тримесечје од оваа година Советувалиштето за сексуално и репродуктивно здравје го посетија учениците од СУГС ,,Владо Тасевски од општина Аеродром . Беа одржани 15 предавња на следните теми:

                  Пубертет

                  Сексуално преносливи инфекции и

                  Контрацепција

9s

SOVETUVALI[TE ZA SEKSUALNO I REPRODUKTIVNO ZDRAVJE, ЦЈЗ Скопје

 

На учениците им беше поделен пропаганден материјал, 150 брошури и флаери, на следните теми:

-                               Промоција на  Советувалиштето за сексуално и репродуктивно здравје при ЦЈЗ Скопје;

-                               Сексуално преносливи инфекции;

-                               Контрацепција;

-                               Пубертет.

Учениците беа анкетирани со Анкетен прашалник за нивните знаења, мислења и за тоа на која тема би имале интерес да го посетуваат Советувалиштето во наредниот период. Исто така, учениците пополнија и  Прашалник за евалуација на работата на Советувалиштето. Во договор и координација со училиштето (психолошко-педагошка служба), во врска со користење контрацептивни средства, на учениците им беа поделени вкупно 100 кондоми.

Советувалиштето за откажување од пушењето и во овој квартал од годината продолжува во континуитет со спроврдување на групна и индивидуална едукација. За таа цел беа опфатени  54 клиенти кои ја посетуваа Обуката за основни знаења за безбедност на храната.

Во контекс на споменатото во третиот квартал 2015 година на клиентите кои ја следеа обуката, а во интерес на нивното здравје, им беа одржани 4едукативни предавања за пушењето. Клиентите беа поканети да го посетат Советувалиштето за откажување од пушењето, но во овој квартал од годината не покажаа интерес.

Во однос на индивидуалните едукации беше пријавен еден клиент за откажување од пушењето.

VI. Здравствена едукација на работници.

Обуки за основни знаења за безбедност на храната

Центарот за јавно здравје Скопје и во третиот  квартал од годината продолжи со одржување на Обуките за основни знаења за безбедност на храната. Беа одржани  60 едукативни предавања за безбедност на храната, а обуката ја следеа 54 клиенти од 14 фирми. Едукативните предавања ги реализираа специјалисти по социјална медицина, специјалисти по хигиена и здравствена екологија, специјалист по епидемиологија, доктори по општа медицина и инженер технолог-специјалист броматолог.

 

10s11s

Eдукативнипредавањазаосновнизнаењазабезбедностнахраната, ЦЈЗ Скопје

 

VII. Превенција и унапредување на здравјето на стари лица

Во текот на месец август 2015 година стручно лице од Отсекот за промоција на здравјето ја посети приватната установа за згрижување на стари лица ,,Милица во општина Кисела Вода. За таа цел беше одржано предавање на тема ,,Чување и унапредување на здравјето на старите лица. Напредавњето присуствуваа 87 лица кои се згрижени во приватната установа.  

12s13s

ПРИВАТНАУСТАНОВАЗАСТАРИЛИЦА - МИЛИЦА - О.КИСЕЛАВОДА  

 

VIII. Здравствена едукација на вработените во одделнието за Социјална медицина

 

Вработените од Одделението за социјална медицина  во текот на третиот квартал 2015 година земаа активно учество во две стручни работилници и тоа:

Во рамките на проектот ,,Обука за превенција на ХИВ и употреба на дроги помеѓу граѓаните од пограничните области,, а во организација на Здружението ХОПС - Опција за здрав живот, под покровителство на Европската Унија, а преку Инструментот за предпристапна помош (ИПА) , беа вклучени двајца претставници од Одделението. Споменатата  Обука беше организирана со цел да се започне со креирање на локалните стратегии за превенција од ХИВ. Нашите претставници активно учестваа и  се здобија со соодветни сертификати.

14s

      По повод Меѓународниот ден за пристап до информации Право да знам”, во организација на ЕСЕ-Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, од Центарот за јавно здравје Скопје учествуваа двајца претставници од Одделението за социјална медицина.

15s   16s

состанокот на ХОПС            состанокот на ЕСЕ

 

Со работната тема на состанокот ,,Унапредување на фискалната транспарентност во јавниот здравствен сектор и олеснување на постапката за слободен пристап до информации од јавен карактер”, на состанокот се опфатени следните теми:

-                      Можни начини за унапредување на сегашното ниво на транспарентност во јавниот здравствен сектор;

-                      Начин на кој досега се спроведува Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер;

-                      Можни чекори за унапредивање на постапката за слободен пристап до информации од јавен карактер и

-                      Презентација на нова интернет платформа Фискална Транспарентност Македонија (ФТМ).

 

IX. Постиран едукативен материјал на веб страната на ЦЈЗ Скопје

На веб страната на ЦЈЗ Скопје е постиран едукативен и информативен материјал преземен, преведен и обработен од стручните кадри на Одделението за социјална медицина. Постирани се и публикации подготвени од специјалистите по социјална медицина поврзани со здравјето на населението.

- Младите и сексуалното здравје

- Подобрете го Вашето емоционално здравје.

  

X.Едукативен материјал  -  изготвен е флаер на тема: Редовна физичка активност – предуслов за добро здравје

01.10.2015,Скопје

Изготвил: Прим. д-р сци.  Персида Малинска, специјалист по социјална медицина со организација и економика на здравствена заштита

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

February 2018
MTWTFSS
1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728
УПОТРЕБА НА ПСИХОАКТИВНИ СУБСТАНЦИ ПОМЕЃУ ОПШТАТА ПОПУЛАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, 2017 УПОТРЕБА НА ПСИХОАКТИВНИ СУБСТАНЦИ ПОМЕЃУ ОПШТАТА ПОПУЛАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, 2017 Прес конференција Промоција на извештај од истражување, УПОТРЕБА НА ПСИХОАКТИВНИ СУБСТАНЦИ ПОМЕЃУ ОПШТАТА ПОПУЛАЦИЈА ВО РЕПУБЛИК... Read more
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите Како да се одвикнете од цигарите во Македонија, интервју со д-р Симоновска Комуникација со медиумите     Read more
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите Пушачите тешко се откажуваат од цигари, фалат кампањи за подигање на свеста Комуникација со медиумите     Read more
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите Докторите: Цигарите најголем непријател на здравјето Комуникација со медиумите     Read more
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите 39-годишник се откажал од цигари по само шест посети на советувалиштето Комуникација со медиумите     Read more
Здравствена едукација окт/дек 2015г Здравствена едукација окт/дек 2015г Во четвртиот квартал на 2015 година, Отсекот за промоција на здравјето спроведе активности за здравствената едукација на населението на подр... Read more
Здравствена едукација јули/септ 2015г Здравствена едукација јули/септ 2015г Здравствена едукација спроведена од отсекот за здравствено воспитание, промоција на здравјето, на подрачјето што го покрива Центарот за јавн... Read more
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите Лекарите и сестрите не се откажуваат од цигарите по никоја цена Комуникација со медиумите     Read more
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите СЗО бара цигарите да поскапат уште повеќе Комуникација со медиумите     Read more
Здравствена едукација, втор квартал 2015 Здравствена едукација, втор квартал 2015 Здравствена едукација спроведена на подрачјето што го покрива Центарот за јавно здравје Скопје од Отсекот за здравствено воспитание (промоци... Read more
Обука за превенција на ХИВ Обука за превенција на ХИВ Двајца претставници, д-р Мелек Осман, доктор по медицина и Бајруш Исламовски, виш социјален работник, од Одделението за социјална медицина в... Read more
Здравствена едукација, јануари-март 2015 Здравствена едукација, јануари-март 2015 Здравствена едукација спроведенa на територијата на ЦЈЗ Скопје од Одделението за социјална медицина, Отсек за промоција на здравјето во пери... Read more
6 март 2015 6 март 2015 Национална конференција „Јакнење на жените – јакнење на човештвото, претставете си!“ 6 март 2015 Read more
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите Пушачите незаинтересирани за советувалиштата за откажување од цигари Комуникација со медиумите Read more
Здравствена едукација, декември  2014 година Здравствена едукација, декември 2014 година Во месец декември, Центарот за јавно здравје-Скопје согласно Планот за работа на Центарот за јавно здравје-Скопје и Националната годишна про... Read more
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите СЛАБ ИНТЕРЕС ЗА СОВЕТУВАЛИШТАТА ПРОТИВ ПУШЕЊЕТО ОД ЗДРАВЈЕТО СЕ ОТКАЖУВААТ, АМА НЕ И ОД ЦИГАРИТЕ Комуникација со медиумите ... Read more
Работна средба за советувачи од Советувалишта за ДДСТ, Скопје, 19 декември 2014 Работна средба за советувачи од Советувалишта за ДДСТ, Скопје, 19 декември 2014 Работна средба за советувачи од Советувалишта за ДДСТ, Скопје, 19 декември 2014 Институтот за јавно здравје на Република Македонија орг... Read more
Здравствена едукација, ноември  2014 година Здравствена едукација, ноември 2014 година Здравствена едукација, ноември  2014 година  Во месец ноември, Центарот за јавно здравје Скопје  согласно планот за работа на ЦЈЗ Скопје и ... Read more
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите МЛАДИТЕ И ПУШЕЊЕТО: Го надминавме светскиот просек Во меѓународни рамки, 22 отсто од младите од 14 до 24 години се со цигара в рака. Кај на... Read more
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите Загадувањето на воздухот и пушењето се неспоредливи Хемискиот состав на аерозагадувањето и тој на цигарите се различни, но најголемиот бр... Read more
Здравствена едукација, октомври  2014 година Здравствена едукација, октомври 2014 година Центарот за јавно здравје Скопје,согласно планот за работа,во месец октомври продолжи со здравствена едукација на учениците во основните учи... Read more
Здравствена едукација, септември  2014 година Здравствена едукација, септември 2014 година Одделението за социјална медицина - Отсек за здравствено воспитание, продолжи и во месец септември со здравствена промоција и едукација на н... Read more
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите Се зголемува бројот на абортуси кај помлади од 20 години и кај малолетнички во земјата и покрај едукацијата што се спроведува во основните и... Read more
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите Пет девојчиња на возраст од само 14 години се породиле во 2013 година во скопските гинеколошки клиники и болници. Децата што родиле деца жив... Read more
Комуникација со медиумите-СОП Комуникација со медиумите-СОП СОВЕТУВАЛИШТЕ ПРОТИВ ПУШЕЊЕ: Тешко ги убедуваме лекарите да се откажат Од Центарот за јавно здравје, каде што се спроведуваат советувањата,... Read more
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите Дали повисоката цена на цигарите ќе придонесе за нивно откажување?! Комуникација со медиумите Read more
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите ЛЕКАР СОВЕТУВА ПАЦИЕНТ: ЈАС ПУШАМ, АМА ТИ НЕМОЈ Комуникација со медиумите Read more
Комуникација со медиумите Комуникација со медиумите ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПУШЕЊЕ: Индивидуална терапија според профилот на пушач На секој човек кога ќе му ги претставите работите преку личен пример... Read more
Здравствена едукација, јуни  2014 година Здравствена едукација, јуни 2014 година Центарот за јавно здравје Скопје согласно кварталниот план за работата на отсекот за здравствено воспитание продолжува со здравствена едукац... Read more
Здравствена едукација, мај  2014 година Здравствена едукација, мај 2014 година Во месец мај оваа година се одржани вкупно 204 едукативни предавања со опфат на 3096 лица - деца од предучилишна возраст, ученици во основ... Read more
КОНТИНУИРАНА МЕДИЦИНСКА ЕДУКАЦИЈА на персоналот во Отсекот за здравствено воспитание на Одделението за социјална медицина КОНТИНУИРАНА МЕДИЦИНСКА ЕДУКАЦИЈА на персоналот во Отсекот за здравствено воспитание на Одделението за социјална медицина Институтот за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика при Медицинскиот факултет во ... Read more
Благодарница, мај 2014 година Благодарница, мај 2014 година .  Одделението за социјална медицина со оваа Благодарница која во месец мај 2014 година му е врачена на здравствениот едукатор ... Read more
Здравствена едукација, април 2014 година Здравствена едукација, април 2014 година Во месец април, Центарот за јавно Здравје-Скопје, преку Отсекот за здравствено воспитание, продолжи со здравствена едукација за чување и уна... Read more
Здравствена едукација, март 2014 година Здравствена едукација, март 2014 година Во месец март, активностите на Отсекот за здравствено воспитание беа насочени кон одржување на едукативни предавања на предучилишни деца и н... Read more
Здравствена едукација, февруари 2014 година Здравствена едукација, февруари 2014 година Во месец февруари, отсекот за здравствено воспитание продолжи со здравствена едукација за чување и унапредување на здрвјето на децата.  ... Read more
Здравствена едукација, јануари 2014 година Здравствена едукација, јануари 2014 година Со почетокот на второто полугодие од учебната 2013/2014 година продолжи здравствената едукацијa за чување и унапредување на здравјето на дец... Read more

Здравствен календар

PDF Documents

pdf

Law on Public Health

pdf

Конвенции и Повелби

pdf