PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 752 |
Посети (овој месец): | 28148 |
Посети (оваа година): | 468527 |
Посети (вкупно): | 1462069 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Болестите на циркулаторниот систем,
значаен јавноздравствен проблем
Незаразните болести - кардиоваскуларните болести, малигните тумори, шеќерната болест, повредите и други, со децении назад доминираат во нашата национална патологија. Незаразните болести во нашата земја се водечки причини за морбидитет, инвалидност и прерана смрт (на возраст под 65 години).
Водечките причини за смрт во Македонија се речиси идентични со оние во развиените делови од светот. СЗО во извештаите за глобалната смртност објавила дека од хронични незаразни болести (ХНБ) секоја година умираат преку 36 милиони луѓе, или тоа се 63% од вкупната смртност на светската популација. Во оваа голема група заболувања на прво место се болестите на циркулаторниот систем (БЦС). Според одредени проценки од 2008 година, од нив во светот умреле 17.5 милиони луѓе и ова е 30% од глобалната смртност на населението. Од нив, 7,3 милиони луѓе умреле од срцев удар, а 6.2 милиони луѓе умреле од мозочен удар. Преку 80% од смртните случаи во сите светски региони, освен Африка, се случиле во земјите со низок и среден приход. Застапеноста е скоро подеднаква кај обата пола во возрасните групи од 55-75 години. Ако овие трендови продолжат во 2030 година се очекува од БЦС да умрат преку 23.3 милиони луѓе, а исхемичните болести на срцето и мозочниот удар ќе бидат водечка причина за смрт.
Болестите на циркулаторниот систем (БЦС), во пракса често се нарекуваат кардиоваскуларни болести (КВБ). Тие опфаќаат повеќе групи болести на срцето и крвните садови и тоа: коронарна артериска болест - болести на крвните садови на срцевиот мускул; цереброваскуларни болести - болести на крвите садови на мозокот; болести на периферните артерии - болести на крвните садови на екстремитетите; ревматски болести - болести на срцевиот мускул и валвулите заради претходно прележана ревматска треска предизвикана од стрептококни инфекции; тромбоза на длабоките вени и пулмонална емболија.
Најголем дел од нив настануваат како резултат на атеро-склеротични промени на артериските крвни садови.
Главна причина за нивното појавување се повеќе ризик фактори кои се поделени во две групи:
® непроменливи ризик фактори, кои вклучуваат: возраст, пол, генетски фактори;
® променливи ризик фактори, кои вклучуваат: пушење, лоша исхрана, дијабетес, хиперхолестеролемија, зголемена телесна тежина, висок крвен притисок, физичка неактивност, отсуство на клучни елементи во исхраната (на пример, омега-3 масни киселини и полифенолни антиоксиданси), излагање на прекумерна бучавост, стрес, депресија, периодонтални заболувања,пореметувања на хормоналниот статус кај жените по менопауза. Исто така, не може да се занемари влијанието на некои социјални, економски и културолошки детерминанти на овие заболувања, како што се степенот на образование, приходот, здравственото осигурување, глобализацијата, урбанизацијата и стареењето на популацијата.
Болестите на циркулаторниот систем остануваат еден од главните здравствени проблеми и во наредниот период, во многу земји на светот. Затоа тие се стратешки приоритет за СЗО. Главна цел е намалување на инциденцата, морбидитетот и морталитетот од овие заболувања преку:
Ö ефективна редукција на ризик факторите кои корелираат со детерминантите на здравјето;
Ö развивање на современи и кост-ефективни иновации во лекувањето;
Ö следење на трендовите на овие заболувања и нивните ризик фактори.
Related Links:
|