PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 1836 |
Посети (овој месец): | 29232 |
Посети (оваа година): | 469611 |
Посети (вкупно): | 1463153 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
10-ти ОКТОМВРИ, СВЕТСКИ ДЕН НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ 2015 : ДОСТОИНСТВО И МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ
Член 1 од Универзалната декларација за човекови права потврдува дека:
“Сите луѓе се раѓаат еднакви по достоинство и права”
Преамбулата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост вели дека:
“... дискриминацијата на било кое лице врз основа на инвалидност е повреда на интегралното достоинство и на вредноста на човековата личност.”
Што е достоинство?
Достоинството се однесува на својствените вредности на поединецот и е тесно поврзано со почитување, признание, само-почит и можност за избор. Можноста да се живее со достоинство, произлегува од почитувањето на основните човекови права кои вклучуваат:
- слобода од насилство и злоупотреба;
- слобода од дискриминација;
- автономија и самоопределување;
- вклучување во општествениот живот; и
- учество во креирање на политиките.
Достоинството на многу луѓе со одредени ментални здравствени состојби не се почитува
Луѓето со одредени ментални здравствени проблеми ширум светот доживуваат стигма, дискриминација и разновидно насилство кое ги одвојува од нивното достоинство.
Често тие се затворени во институции во кои се изолирани од општеството и се предмет на нечовечно и понижувачко постапување.
Многмина се предмет на физичка, сексуална и емоционална злоупотреба и запоставување во болниците и затворите, но исто така и во заедницата.
Тие многу често се лишени од правото да одлучуваат за себе. На многумина систематски им се порекнува правото да одлучуваат за сопствената ментална здравствена заштита и лечење, за тоа каде сакаат да живеат и за нивните лични и финансиски работи.
Тие немаат пристап до општата и менталната здравствена заштита. Како последица на тоа поголема е веројатноста предвремено да умрат во споредба со општата популација.
Тие често се лишени од пристап до образование и од можности за вработување. Стигмата и погрешното сфаќање на менталната здравствена состојба, значи дека луѓето, исто така, се соочуваат со дискриминација при вработување и се лишени од можност да работат и да заработат за живот.
Тие се спречени целосно да учествуваат во општеството. Ним им е одземена можноста да учествуваат во јавни настани, да гласаат или да се кандидираат за јавна работа. Не им се дава можност да учествуваат во процесот на одлучување за прашања кои ги засегаат, како што се менталната здравствена политика и законска регулатива, или реформи на услугите. Покрај тоа, пристапот до рекреативни и културни активности често се одбива за лицата со проблеми во менталното здравје.
Луѓето можат да доживеат да го загубат своето достоинство на различни начини...
„Мојот оддел поседува изолирани соби, налик на затворски простории, кадешто пациентите се оставени да лежат на ладниот бетонскиот под покриен со урина и фецес без ништо да користат за покривање. Живеев на многу валкано место со преполнети тоалети, со скршени врати и прозорци, искинати униформи и на моменти пациентите беа оставани голи...”
-Sylvester Katontоka, Zambia
„Кога имаш проблеми со менталното здравје, тоа е меч со две острици. Ти си обележан. Дома имаш етикета, и си етикетиран во системот, така што вам не ви се нуди големо достоинство.“
- Корисник на услигите, UnitedKingdom
“Ние, лицата со ментални здравствени проблеми, се соочуваме со висок степен на стигма и дискриминација. Кога сме обележани дека имаме ментален здравствен проблем, ние доживуваме одрекување од општеството- ги губиме нашите работни места, го губиме општествениот престиж и стануваме изолирани од семејството и општеството. ”
- MatrikaDevkota, Nepal
Како можеме да ги промовираме правата и достоинството на лицата со ментални здравствени проблеми?
Во системот на здравствената заштита треба да обезбедиме подобра поддршка и грижа за лицата со ментални здравствени проблеми, со:
Ö Обезбедување на услуги во заедницата кои опфаќаат обновување на пристапот кој инспирира надеж и ги поддржува луѓето да ги постигнат своите цели и аспирации;
Ö Почитување на автономијата на луѓето, вклучувајќи го правото да носат свои одлуки за нивното лекување и нега; и
Ö Обезбедување на пристап до квалитетна заштита која ги промовира човековите права, одговара на потребите на луѓето и ги почитува нивните вредности, избори и преференции.
Во заедницата, ние треба да:
Ö Ги поддржиме луѓето со ментални здравствени проблеми да учествуваат во општествениот живот и да ја признаеме вредноста на нивниот придонес;
Ö Да ја почитуваме нивната автономија да одлучуваат за себе, вклучувајќи го нивниот животен аранжман и личните и финансиски работи;
Ö Да им обезбедиме пристап до вработување, образование, домување, социјална помош и други можности;
Ö Да ги вклучиме луѓето во процесите на донесување на одлуки за прашања кои ги засегаат, вклучувајќи ја политиката, законодавството и реформите на здравствените услуги кои се однесуваат на менталното здравје.
Подготвил: д-р Мелек Осман, Бранка Крстев,дипл. социјален работник;
Преземено од:http://www.who.int/
|