PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 1824 |
Посети (овој месец): | 29220 |
Посети (оваа година): | 469599 |
Посети (вкупно): | 1463141 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Позитивните емоции и вашето здравје
За повесел изглед
Да се биде отворен кон позитивни промени е клуч за емоционалното здравје
Дали сте наклонети да гледате на светлата страна или гледате иднина исполнета со темница, небо со бура? Сé повеќе истаржувања покажуваат дека позитивниот изглед може да му користи на нашето физичко здравје.Научници финансирани од NIH (NationalInstitutesofHealth) работат за да ја разберат подобро врската помеѓу нашиот став и нашето тело. Тие откриле докази дека емоционалното здравје може да се подобри преку развивање на одредени вештини.
Да имаме позитивен изглед не значи дека никогаш не чувствуваме негативни емоции како што се тага и лутина, вели д-р BarbaraL. Fredrickson, психолог и експерт за емоционално здравје на Универзитетот во Северна Каролина, ChapelHill. „Сите емоции - било позитивни или негативни - се прилагодливи во вистинските олколности. Се чини дека клучот е во тоа да се најде баланс помеѓу нив“, вели таа.
„Позитивните емоции ја развиваат нашата свест и нé отвораат за нови идеи, па така ние можеме да се надминеме себе си и да додаваме нови алатки за да опстанеме“, објаснува Fredrickson. „Нa луѓето им се потребни негативни емоции за да продолжат понатаму во тешките ситуации и да одговорат на нив соодветно во краток рок. Негативните емоции можат да нé доведат во неволја, иако, ако се базирани на премногу размислување околу минатото или на прекумерна грижа за иднината, тие всушност не се вистински поврзани со тоа што се случува во реалноста“.
Луѓето кои се емоционално здрави, велат експертите, имаат помалку негативни емоции и можат побрзо да излезат надвор од тешкотиите. Оваа особина се нарекува еластичност или флексибилност. Да се развие чувство за значењето и целта на животот - и фокусирање на она што е важно во животот за нас - исто така придонесува за емоционалното здравје. Истражувањата откриваат поврзаност помеѓу добрата ментална состојба и доброто здравје, вклучувајќи понизок крвен притисок, намален ризик за срцева болест, поздрава телесна тежина, подобро ниво на шеќер во крвта и подолг живот. Но, многу проучувања не можат да утврдат дали позитивните емоции водат кон подобро здравје, дали да се биде здрав предизвикува позитивни емоции, или пак се вклучени други фактори.
„Иако едно претходно истражување сугерира на поврзаност помеѓу позитивните емоции и здравјето, сепак тоа не ги открива главните механизми,“ вели д-р Richard J. Davidson, неуролог на Универзитетот на Висконсин-Медисон. „За да се разберат механизмите, мислам дека ќе биде пресудно да се разберат главните патишта во мозокот.“
Со снимање на мозокот, Davidson и соработниците пронашле дека позитивните емоции можат да активираат „наградни“ патишта сместени длабоко во мозокот, вклучувајќи ја областа позната како ventralstriatum.
„Лицата кои можат да осетат позитивни емоции имаат долготрајно активиран вентрален стриатум,“ вели Davidson.„Колку подолго трае активирањето, подолготрајно е чувството за благосостојба.“ Продолжено активирање на овој дел од мозокот се поврзува со здрави промени на телото, вклучувајќи пониско ниво на стрес-хормонот.
Спротивно, негативните емоции можат да го активираат делот од мозокот познат како амигдале (лат. corpusamygdaloideum), кој игра улога кај стравот и анксиозноста. „Сме покажале дека постојат големи разлики меѓу луѓето за тоа колку брзо или бавно заздравува амигдале после опасност,“ вели Davidson. „Оние кои заздравуваат пополека може повеќе да се под ризик за различни здравствени состојби во споредба со оние кои заздравуваат побрзо.“
Декември, 2015
Извор: https://newsinhealth.nih.gov/
Подготвил: дипл. социјален работник Бранка Крстев, прим. д-р сци. Весна Спирова
Целосната информација можете да ја прочитате на следниот линк:
http://cph.mk/ftp/Informativni%20i%20edukativni/2015/Pozitivnite%20emocii%20i%20vaseto%20zdravje.pdf
|