PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 1260 |
Посети (овој месец): | 2304 |
Посети (оваа година): | 112327 |
Посети (вкупно): | 1105869 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Здравјето на жените
Адолесцентки
(10-19 години)
Менталното здравје и повредите
Самонанесени повреди, сообраќајните повреди и давењето се меѓу главните причини за смрт во светот кај адолесцентките.
Депреесивните растројста и - кај адолесцентките на возраст од 15-19 години, шизофренијата, се водечки причини за заболеност.
ХИВ/СИДА
Во 2011 година, околу 820,000 мажи и жени на возраст од 15-24 години биле новозаразени со ХИВ во земјите со низок и среден доход:повеќе од 60% од нив биле жени.
Глобално, адолесцентните девојки и маладите жени (15-24 години), се со два пати поголема веројатност да бидат изложени на ризик од ХИВ инфекција во споредба со момчињата и младите мажи во истата возрасна група. Овој повисок ризик од ХИВ е поврзан со небезбедна и често несакана и принудна сексуална активност.
Адолесцентна бременост
Раната бременост го зголемува ризикот и за мајките и за нивните новороденчиња. Иако е направен напредок во намалувањето на стапката на раѓање кај адолесцентките, повеќе од 15 милиони од 135 милиони живородени деца во светот се кај девојчиња на возраст од 15-19 години.
Бремените адолесцентки имаат поголема веројатност од возрасните за небезбеден абортус. Се проценува дека 3 милиони небезбедни абортуси се случуваат глобално секоја година меѓу девојките на возраст од 15-19 години. Небезбедните абортуси значително придонесуваат за трајни здравствени проблеми и смрт на родилката. Компликациите од бременоста и раѓањето се важна причина за смрт кај девојчињата на возраст од 15-19 години во земјите со низок и среден доход.
Употреба на супстанци
Адолесцентките сé повеќе користат цигари и акохол, што го загрозува нивното здравје, особено во подоцнежниот живот. Некаде девојките користат цигари и алкохол речиси подеднакво како и момчињата. На пример, во Регионите на СЗО во двете Америки, 23% од момчињата и 21% од девојчињата на возраст од 13-15 години, изјавиле дека пушеле цигари во претходниот месец.
Исхрана
Во 21 од вкупно 41 земја со податоци, повеќе од една третина од девојките на возраст од 15-19 години се анемични. Анемијата, најчесто поради дефицит на железо, го зголемува ризикот од крвавење и сепса во текот на раѓањето.Таа предизвикува когнитивни и физички недостатоци кај младите деца и ја намалува продуктивноста кај возрасните.
Жените и девојките се најранливи на аменија поради (1) недоволно железо во нивната исхрана, (2) менструално губење на крв и (3) периодите на брз раст.
Јуни, 2016
Подготвил: Бранка Крстев, дипл. социјален работник
Извор: www.who.int
|