PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 1005 |
Visits (this month): | 39842 |
Visits (this year): | 480221 |
Visits (total): | 1473763 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Ден на старите лица 2022
Меѓународен ден на старите лица 1 Октомври
Светот станува многу постар. Речиси 900 милиони луѓе во светот се постари од 60 години. До 2050 година, 2 милијарди луѓе или 22 проценти од населението на планетата ќе бидат на таа возраст. Всушност, до 2050 година, за прв пат во историјата на човештвото ќе има повеќе луѓе над 60 години отколку што има деца во светот. Ова зголемување се случува со брзо темпо и ќе се забрза во наредните децении
особено во земјите во развој.
Секој човек, на секој дел од земјината површина треба да има можност да живее долг и здрав живот. Сепак, околината во која живееме е важна за нашето здравје или може да биде штетна по здравјето. Околината е таа која влијае врз здравјето и изложеност на здравствени ризици, здравствена и социјална грижа и можностите што ги носи стареењето со неа. Оваа историски значајна промена во глобалната популација бара прилагодување на начинот на кој општествата се структуирани во сите сектори. На пример, здравствената и социјална заштита, транспорт, домување и урбанистичко планирање. Во иднина, наша цел и задача е, да го направиме светот пријатен за возраста, треба да биде суштински и итен дел од нашата променлива демографија.
ЗОШТО Е ВАЖЕН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА СТАРИТЕ ЛИЦА
Среќни сме што имаме постари луѓе околу нас, без разлика дали се тоа семејство, пријатели или само познаници. Постарите луѓе се извор на мудрост и искуство. Тие може да не инспирираат, да не предупредат за опасностите за кои не сме ниту свесни. Треба да бараме совет од нив секогаш и каде што е можно. За жал, многу често иматенденција да ги заборавиме, или уште полошо, целосно да ги игнорираме. Тоа е една од многуте причини зошто Меѓународниот ден на старите лица 1 Октомври е толку важен.
Неколку факти
* Проглас на ОН
Обединетите нации го усвојува 1 Октомври како Меѓународен ден на постарите лица. Околу десет дена подоцна,светот го обележа првиот Меѓународен ден на постарите лица на 1 Октомври 1991 година.
*Собрание за стареење
Според Обединетите нации, ,,меѓународната заедница започна да ја истакнува состојбата на постарите лица со усвојување наСветско собрание за стареење".
*Човекови права и стари лица
ОН се обидува да промовира целосно и еднакво уживање на сите човекови права и основни слободи од страна на постарите лица.
Зошто го славиме Меѓународниот ден на старите лица?
Целта на празникот е да се зголеми свеста за влијанието на стареењето на населението. Сакаме луѓето во општеството достоинствено да стареат.
Препораки
Разговарајте со постари лица.
Ако одвоите време да запознаете постара личност, макар и во вашето семејство, може да ја видите во вистинско светло личноста и да научите нешто за себе во тој процес.
Волонтирајте во вашето слободно време.
Има многу што може да се направи за да се олесни животот на постарите лица. Дознајте за организациите во вашата околина кои работат со стари лица и видете што може да направите за да помогнете.
Изработил:
Магдалена Јованова
Дип.педагог, Одделение за социјална медицина
Извор:
https://nationaltoday.com/international-day-of-older-persons/
|