PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 1901 |
Visits (this month): | 8228 |
Visits (this year): | 57836 |
Visits (total): | 1534865 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Светски ден без тутун 2023: Потребна ни е храна, а не тутун
На 31 мај 2023 година, светот ќе го обележи Светскиот ден без тутун. Глобалната кампања има за цел да ја подигне свеста за алтернативно растително производство и да поттикне тутунарите да одгледуваат одржливи, хранливи култури.
Тутунот ја осиромашува плодноста на почвата, кризата со недостиг од храна расте и таа е поттикната од конфликти и војни, климатски шокови, како и од економски и социјални влијанија на пандемијата која ја предизвика Ковид-19. Секоја година ширум светот околу 3,5 милиони хектари земјиште се пренаменува за одгледување тутун. Одгледувањето тутун, исто така, придонесува за уништување на 200.000 хектари шуми годишно. Тоа бара голема употреба на пестициди и ѓубрива, кои придонесуваат за деградација на почвата. Земјиштето што се користи за одгледување тутун има помал капацитет за одгледување други култури, како што е храната. Во споредба со другите земјоделски активности, како што се одгледувањето пченка, одгледувањето тутун има многу повеќе деструктивно влијание врз екосистемите, бидејќи земјоделските површини со тутун се повеќе склони кон опустошување. Секој профит што ќе се добие од тутунот, може да не ја надомести штетата направена за одржливото производство на храна во земјите со низок и среден приход. Наспроти ова, постои итна потреба да се преземат законски мерки за намалување на одгледувањето тутун и да им се помогне на земјоделците да преминат во производството на алтернативни прехранбени култури, поточно тутунарите да се префрлат на одгледување прехранбени култури. Тутунската индустрија често се прикажува како поборник за егзистенција на тутунарите. Ова е далеку од вистината. Интензивното ракување со инсектициди и токсични хемикалии за време на одгледувањето тутун придонесува многу земјоделци и нивните семејства да имаат последици по нивното здравје. Понатаму, неправедните договори со тутунските компании ги одржуваат земјоделците осиромашени, а детскиот труд кој често се вткајува во одгледувањето тутун го попречува правото на образование и претставува кршење на човековите права. Девет од десет најголеми производители на тутун, се земји со низок и среден приход, а четири од нив се дефинирани како земји со дефицит на храна. Земјиштето што се користи за одгледување тутун би можело поефикасно да се користи за да се постигне целта на Обединетите нации за одржлив развој – нула глад. Кампањата за 2023 година ги повикува владите и креаторите на политики да го засилат законодавството, да развијат соодветни политики и стратегии и да им овозможат услови на тутунарите да се префрлат на одгледување прехранбени култури, со цел да им се обезбеди на производителите и на нивните семејства подобар живот.
Подготвил: Вјолца Бериша, дипл. проф. по одд. настава, Одделение за социјална медицина
Извор: World No Tobacco Day 2023: We need food, not tobacco,
https://www.who.int/europe/news-room/events/item/2023/05/31/default-calendar/world-no-tobacco-day-2023--we-need-food--not-tobacco, пристапено на 29.05.2023
|