PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 510 |
Посети (овој месец): | 4928 |
Посети (оваа година): | 4928 |
Посети (вкупно): | 1481957 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Морбили
Морбилите се акутно вирусно заболување, високо контагизно кое се пренесува по аеро- капков пат (со кивање, кашлање односно преку директен контакт со секретите од устата и носот на лицата кои се инфицирани).Осетливоста на популацијата е општа односно се смета дека окулу 90% од оние кои стапиле во близок контакт со инфицирани лица а немаат имунитет ке бидат инфицирани.
Морбилите се акутно вирусно заболување, високо контагизно кое се пренесува по аеро- капков пат (со кивање, кашлање односно преку директен контакт со секретите од устата и носот на лицата кои се инфицирани).Осетливоста на популацијата е општа односно се смета дека окулу 90% од оние кои стапиле во близок контакт со инфицирани лица а немаат имунитет ке бидат инфицирани.
Периодот на инкубација на болеста-период кога нема симптоми,вообичаеноизнесува
10-12 дена, потоа следи продромален период кога се јавува висока температура, течење на носот, коњуктивитис и кој просечно трае 2-4 дена а потоа следи исипниот стадиум кога се јавува карактеристичен макулопапулозен осип по кожата кој воглавно почнува на главата и лицето и потоа се шири по телото.Исипот трае 5-6 дена а потоа изчезнува по истиот редослед по кој се јавил проследен со фино перутање на кожата.Карактеристичен знак на ова заболување се Копликовите пеги- белузлави точки кои се јавуваат на слузницата (внатрешната страна) на устата и ждрелото, кои обично се присатни 1-2 дена пред и по исипот.По прележување на болеста останува доживотен солиден имунитет.
Лицето заболено од морбили се смета за инфективно (односно може да го пренесе заболувањето) 4 дена пред и 4 дена по појава на исипот.
Морбилитевообичаено поминуваат како лесна болсет, но појавата на компликациите е особено честа кај помалите деца – под 5 годишна возраст и кај возраснте над 20 год.Од компликациите најчесто се јавува диареа, воспаление на средното уво, воспаление на белите дробови- пневмониа која воглавном е и најчеста причина за појава смрт кај децата, слепило, енцефалитис – воспаление на мозокот- начеста причина за смрт кај возрасните, како и спонтани абортуси или предвремени породувања кај бремените жени.
Посебно карактеристична компликација е субакутниот склерозантен паненцефалитис, односно дегенеративни промени на централниот нервен систем кој се сметаат дека се резултат на перзистентното присуство на вирусот во организмот и кој обично се јавува 7 до 10 год. по прележаната болст.
Пред да биде воведена вакцината морбилите биле причина за смрт кај милиони деца во целиот свет односно окулу 2.000 000 случаи на годишно ниво според проценките на СЗО. Иако смртноста од морбили денес е драстично намалена- за 75% по воведувње на вакцинацијата, сеуште се смета дека морбилите се водечка причина за смрт во детството од вакцинопревентабилните болести, според СЗО окулу 145.000 смртни случаи во 2013 година.
За морбилите НЕ ПОСТОИ ЛЕК.Единствена превенција е ВАКЦИНАТА.
Во нашата држава вакцинацијата се спроведува од 1972 година со моновалентна вакцина. Во 1983 год.воведена е тровалентната вакцина која вклучува заштита покрај морбилите и од рубеола и паротит.Вакцинацијата се спроведувала со еднократно давање на вакцината со навршени 13 месеци возраст. Во 1987 год. воведена е ревакцината на 7 год.возраст со моновалентна вакцина само против морбили. Од 1997 год. моновалентната ревакцина се заменува со тровалентна(МРП). Во 2010 год. поместена е ревакцинацијата на 6 год. возраст.
Вакцинацијата овозможува солиден имунитет кај речиси 99% од вакцинираните индивидуи. Многу е важно опфатот со вакцинацијата да е 95% и повисок бидејќи на тој начин се овозможува солиден колективен имунитет со што ке се овозможи и заштита како на вакцинираните, така и на вулнерабилнто население кое не подлежи на вакцинацијата од разни причини, а ке се влијае и на намалување на можноста за појава на заболувањето во епидемиска форма.
Вакцинацијата против морбили во нашата држава редовно се спроведува во вакциналните пунктови каде се вакцинираат предшколски и школски деца, како и во сите центри за јавно здравје кои се задолжени за вакцинација вон редовниот вакцинален календар.
Вакцините се придобивка на современата медицина.Милиони животи се спасени благодарение на нивната примена. Да не дозволиме да го загрозиме здравјето на населенито и досегашните придовки да ги фрлиме во вода.
др.Марија Гочевска
спец. по епидемиологија
|