PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 921 |
Посети (овој месец): | 921 |
Посети (оваа година): | 921 |
Посети (вкупно): | 1477950 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Канцер
Ракот е најзначајната причина за смрт и заболеност во Европа после кардиоваскуларните заболувања. Ракот во многу случаи може да се избегне, а раното откривање значително ја зголемува можноста за излекување. СЗО во Европскиот регион им помага на земјите да развијат национални програми за контрола на ракот. Меѓународната агенција за контрола на ракот (IARC) е тело на СЗО кое е специјализирано во ова поле. Тоа ги координира и ги води истражувањата за причините и развива научни стратегии за превенција и контрола на ракот.
Меѓународната агенција за контрола на ракот, IARC, го одбележува месецот за подигање на свеста за ракот на грлото на матката
2 January 2020
Во текот на јануари Меѓународната агенција за контрола на ракот, IARC, го одбележува Месецот за подигање на свеста за ракот на грлото на матката со серија написи, вклучувајќи твитер, интервјуа и инфограми.
Во 2018 година, според проценките, во светот, 570 000 жени биле дијагностицирани со рак на грлото на матката и околу 311 000 жени починале од оваа болест.
Постојаната инфекција со високоризичнитипови на хуманиот папилома вирус (HPV) е главната причина за рак на цервиксот. Ракот на цервиксот е еден од формите на рак кои се најпревентабилни и кои може да се лекуваат, бидејќи постојат вакцини кои штитат од високоризичните, а скрининг програмите можат да откријат знаци на болеста во ран стадиум, што овозможува успешно лекување и справување со состојбата.
Оттаму глобалната иницијатива е ова заболување да се елиминира како јавно-здравствен проблем.
Јануари 2020
Извор: https://www.iarc.fr/
Подготвил: прим. д-р сци. Весна Спирова, спец. по социјална медицина
|