PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 709 |
Посети (овој месец): | 37624 |
Посети (оваа година): | 478003 |
Посети (вкупно): | 1471545 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби
Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби е ден кој е промовиран од страна на Обединетите нации во 1992 година. Целта е да се зголеми свеста за подобро разбирање на луѓето кои се засегнати од некаков хендикеп, поттик на луѓето да бидат посвесни за правата, достоинството и благосостојбата на лицата со посебни потреби.Денот на лицата со посебни потреби не опфаќа само ментален или физички хендикеп, туку многу пошироко: аутизам, Даунов синдром, мултиплекс склероза..
На 3 декември 2024 година, СЗО им се придружува на партнерите ширум светот за да го одбележат Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Оваа година, темата е „Засилување на лидерството на лицата со попреченост за инклузивна и одржлива иднина“.
Лицата со попреченост сочинуваат 16% од светската популација, но тие ретко имаат пристап до лидерски улоги во здравствениот сектор. Тие најчесто се соочуваат со бројни бариери кои ги спречуваат да пристапат до овие улоги, како што се дискриминација, стигма или исклучување од образование и можности за вработување. СЗО се согласува дека засилувањето на лидерството на лицата со попреченост е од суштинско значење за да се постигне значаен напредок во постигнувањето на глобалните здравствени цели, унапредувањето на здравствената еднаквост за сите и градењето на поинклузивна и одржлива иднина.
Што прави СЗО за да го засили раководството на лицата со попреченост во здравствениот сектор?
Вклучувањето на лицата со попреченост во процесите на донесување одлуки во здравствениот сектор е основен чекор за да се поттикнат промените кон поинклузивна и одржлива иднина. За да ги поддржи владите и партнерите во здравствениот сектор да ја унапредат здравствената еднаквост, СЗО објави нова алатка за стратешко планирање на здравствениот систем која го олеснува значајното ангажирање на лицата со попреченост во согласност со пристапите засновани на човекови права.
Подготвил: Снежана Мојсовска, дипл. Логопед. Одд. за социјална медицина
Извор: https://www.who.int/campaigns/international-day-of-persons-with-disabilities/2024
|