PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 785 |
Посети (овој месец): | 5894 |
Посети (оваа година): | 115917 |
Посети (вкупно): | 1109459 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
ИНФОРМАЦИЈА
за терестичка дезинсекција на подрачјето на градот Скопје за 2014 година
На подрачјето на градот Скопје, во текот на месец мај, јуни ,јули , август и септември ке се направи терестичка дезинсекција за уништување на возрасните форми на комарци.
Врз основа на претходно склучениот договор помеѓу градот Скопје и ЈЗУ Центар за Јавно Здравје - Скопје, за вршење на терестичка апликација на средството Аква К-отрин, ќе се поминат по 5000 хектари површина по претходно изготвен и доставен план за динамиката на активностите по денови. Со терестичката дезинсекција превентивно се штити населението од комарците. Се поминува на сите посочени локации на подрачјето на населбите, по главните улици и булевари.Акцијата се изведува во раните утрински часови од 01 до 06 часот, со два аеросолни генератори за таа намена.
Се врши континуирана дезинсекција и се постигнуваат задоволителни резултати.
Со оваа активност спречуваме ширење на заразни заболувања предизвикани од комарци како што е на пример Нилска Треска.
Епидемиологија: Р.Македонија со глобалното затоплување и климатските промени, со својата географска положба и умерената клима се соочува со опасноста на евентуална појава на тропски и субтропски болести (вирусот на западен Нил-ЊНВ, Денга, Цхикунгунѕа, Источно коњски енцефалитис, Жолта треска, вирусот “Цацхе Веллеу”(ЦВВ), “Ла Цроссе” енцепхалитис (ЛАЦВ) и др.) , како и појава на болести кои се веќе ерадицирани во Р.Македонија (Маларија), а кои се пренесуваат преку вектори (комарци).
Се до 1973 год., Р.Македонија била позната како хиперендемско подрачје за Маларија. Во 1946 год., во Македонија бројот на заболени бил околу 600.000 лица (повеќе од пола население).
|