PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 652 |
Посети (овој месец): | 39221 |
Посети (оваа година): | 422217 |
Посети (вкупно): | 1415759 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Ентомолошка лабораторија при Одделението за епидемиологија
Основна дејност на Ентомолошката лабораторија е проучувањето на биологијата и екологијата на инсектите т.е.на видовите кои се од јавно здравствен интерес, бидејќи се вектори на патогени микроорганизми.
Друга дејност е применета ентомологија, со акцент на мониторинг, следење и истражување на комарците, што е признаено од локалната и регионалната самоуправа, a се реализира со средства од Центарот за јавно здравје и бројни европски проекти.
Динамиката на бројноста на комарците, нивната екологија, распространувањето, одредувањето на квалитативниот состав, а потоа и нивна контрола, се само дел од истражувањата во Ентомолошката лабораторија, трансформирани во бројни научни трудови објавени во домашни и странски списанија.
Лабораторијата е опремена со ентомолошки кафези за размножување и развој, каде што под контролирани услови, комарците можат да се изведуваат во сите фази на развојот.Се создаваат колонии од видови комарци кои потоа се користат за одредување на нивна резистентност кон биоцидите.
За да се извршуваат квалитетно и навремено истражувањата, Ентомолошката лабораторија е опремена со потребната опрема за собирање, подготовка и анализа на примероците и, секако, теренски возила.
Стручниот тим кој работи во лабораторијата активно учествува во меѓународни обуки по Медицинска Ентомологијаи ги следи сите новини во контролата на векторите.
Тимот кој работи во Ентомолошката лабораторија за прв пат докажа присуство на Тигрест комарец во Република Македонија , август 2016 .
|